Активностите за изградба на аква-паркот, кој се гради во рамки на спортскиот центар „Борис Трајковски“, се со полна пареа. Аквапаркот ќе содржи десет тобогани, мрзлива река, базен со бранови, кафулиња, ресторани и детски базен со т.н. детски свет со содржина од „Пиратите од Карибите“. Како ќе изгледа овој детски базен погледнете на фотографијата подолу.
Со изградбата на аквапаркот се оди чекор напред кон модернизација на метрополата, туристичка атракција и збогатување на рекреативните содржини на градот.
Изградбата почна во јануари, а предвидено е да се заврши во јуни и со почетокот на летната сезона да биде пуштен во употреба.
| ТВ Пакет