Ден и бледа светлина допреа до нејзините очи. Светлината допираше преку отворениот прозорец. Исплашено ги отвори очите. Ја почуствува неговата топлина замотана околу своето тело, неговата силна рака на својата половина. Естер посегна по рачниот часовник на масичката и забележа дека е скоро шест часот. Денот започнуваше рано на фазендата и се исплаши дека некој ќе ја затекне во собата со нејзиниот љубовник. Што ако некој од нејзините синови ја затекне во прегратката на Енцо, во домот на навиниот татко, како грешница? Знаеше дека ако Фаусто ја фати тоа ќе биде последното нешто кое го направила во животот.
– О, мој боже, – изрипа од креветот додека крај неа Енцо полека ги отвараше очите. – Енцо, веќе е еден, мораш да одиш одовде.
ОДМАЗДА
љубов и смртна казна
Продолжение 73 – „Естер станува сопственичка на бакалница“
Ден и бледа светлина допреа до нејзините очи. Светлината допираше преку отворениот прозорец. Исплашено ги отвори очите. Ја почуствува неговата топлина замотана околу своето тело, неговата силна рака на својата половина. Естер посегна по рачниот часовник на масичката и забележа дека е скоро шест часот. Денот започнуваше рано на фазендата и се исплаши дека некој ќе ја затекне во собата со нејзиниот љубовник. Што ако некој од нејзините синови ја затекне во прегратката на Енцо, во домот на навиниот татко, како грешница? Знаеше дека ако Фаусто ја фати тоа ќе биде последното нешто кое го направила во животот.
– О, мој боже, – изрипа од креветот додека крај неа Енцо полека ги отвараше очите. – Енцо, веќе е еден, мораш да одиш одовде.
Енцо го разбираше нејзиниот страв. Стана од постелата и посегна по кошулата која беше префрлена на столот, за да го покрие своето убаво градено тело. Додека се облекуваше, неговиот поглед се лепеше за неа. Ја бакна страсно пред внимателно и на прсти да ја напушти собата. Естер длабоко воздивна кога остана сама. И олесна и благо се насмевна. Со работ на прстите помина по својата уста. Не сакаше никогаш да ги избрише неговите бакнежи од своето тело. Сакаше секое утро да се буди крај него, како денеска.
Во мислите одеднаш ја прекина тропање на дрвената врата. Потрча кон тоалетната масичка и ја грабна четката за коса в рака пред да даде знак за влез. Влезе Фаусто, мамурен, поспан. Срцето и дојде на место. Немаше да има ваква реакција ако го видел Енцо во ходникот.
– Добро утро, – го поздрави Естер, рашчешлувајки ги кадравите коси.
– Добро утро, Естер.
– Нешто не е во ред?
– Само ме боли главата малку. Сношти не спиев добро. Кажи ми дали сношти беше ти во мојата соба?
– Да, – одговори таа по кратка пауза.
– Така и си мислев, но не знаев дали е сон. Ми се пристори како да зборуваш со некого.
– Што нема да ти се пристори кога пиеш толку, – го прекори таа, фрлајки му поглед преку одразот на огледалото.
– Не почнувај уште рано. Освен тоа, дојдов за нешто друго, – додаде тој и извади тапии од под палтото. – Пријди. Помниш дека секогаш велиш дека не ти давам ништо да правиш, дека те држам како робинка на фазендата, дека не ти давам да излегуваш и да се дружиш?
Каде ли води ова, се прашуваше Естер.
– Ова е мојот подарок за тебе, – додаде подавајки и ги тапиите. – Сношти ја купив бакалницата од Силва. Се води на твое име. Сакам ти да ја водиш. Да не речеш после дека немаш работа и дека ти е здодевно везден на фазендата.
Естер го гледаше збунето. Не знаеше дали сонува.
– Не гледај ме така, кажи нешто.
– Фаусто, – фрлаше поглед во тапиите па во неговото лице. – Не знам што да речам…Благодарам, претпоставувам?!
– Бидејки Назаре остане без бакалница, од денес ти си задолжена да го водиш локалот. Речи им на Лукреција и Антониета да ти помогнат.
– Фаусто, – повторно крикна таа. – На што се должи ова?
– Само не сакам да те загубам, Естер. Тоа е се. Ова е моја потврда дека комплетно ти верувам. Ти верувам дури и кога не си ми на око. Те љубам, – рече тој на крајот и ги побара нејзините усни.
Енцо беше одлучен да му се каже вистината на Антенор. Откако разговараше со својата внука и сестра, тројцата го повикаа Антенор во кујната на бараката за да му ја кажат вистината и да му ги отворат очите. Дека Фаусто Кастењон ја силувал Моналиса.
Антенор гореше од бес кога слушна. Со сета сила удри тупаница по масата и јаболките се стркалаа од зделата кон подот.
– Мораш да разбереш дека Моналиса лажела од страв, Антенор, – додаде Енцо, гледајки во својата внука која не можеше да ги задржи солзите.
– Ќе ми плати тој стаорец, – изрипа од масата, но пред да дојде до вратата, Енцо и Марија Грација го задржаа.
– Антенор, мораш да се смириш! Ништо нема да решиш ако го убиеш тој ѕвер.
– Тој ништожник ја обесчестил мојата ќерка, – низ солзи повторуваше Антенор.
– Смири се. Ѕверот ќе плати но не на овој начин.
– Како?!
– Имам план, – одговори Енцо. – Ќе му земеме се што има. Ќе го оставиме со ништо. Ова ќе биде нашата vendetta!
Попладнето, Естер и Елиса ја посетија бакалницата во селото. По заминувањето на старите сопственици, просторијата имаше само празни полици и прашина. Естер ликуваше од среќа. Имаше визија како да изгледа тоа место и знаеше дека ќе успее. Конечно имаше нешто со што ќе може да се занимава, наместо да минува долги попладниња на верандата, шиејки или читајки книги.
– Не можам да поверувам дека татко го купил ова место за тебе, мајко. И згора на се дека ти дозволува самата да ја водиш бакалницата.
– Ниту јас сеуште не можам да поверувам, ќерко. Се прашувам што ли го натерало Фаусто на ваков чекор. Толку многу сум возбудена. Ќе го модернизираме местово и ќе направиме да изгледа како вистинска продавница во градот. Ќе ги тргнеме овие полици и ќе направиме голем излог. Фамилијата Силва продаваше материјали, ние ќе увеземе вистински алишта, фустани за дамите и фракови за господата. Алишта од каталог, како во Рио.
– Не верувам дека некој во Назаре би купувал облека од каталог,мајко, – скептично рече Елиса. – Ќе одам да ја видам оставата, – додаде девојката и слезе во магацинот.
Естер погледна околу себе. Едноставно не можеше да ја отргне таа насмевка од своето лице. Одекна ѕвоното поставено на вратата и пред да се сврти го слушна гласот на Антониета.
– Честитки, Естер.
– Антониета, од каде ти овде?
– Бев да ја земам поштата и се сетив дека сега имаш бакалница и дека може да си тука. Се прашувам што ли го спотерало Фаусто да ти дари волку великодушен подарок?
– Не знам.
– Ова е за тебе, – додаде Антониета, подавајки и едно запачатено плико. – Го подигнав од поштата. Писмо за тебе од Париз. Изгледа дека е од твојта пријателка, уметничката.
– Дебора Пимстеин?, – крикна Естер. Со години немаше слушнато за нејзината блиска пријателка од средно, која веќе со години градеше кариера во Европа.
– Тоа е жената чие име се провлекуваше низ штампата поради бурниот развод со Васко Силвеира?, – цинично праша Антониета иако добро го знаеше одговорот.
– Да.
– Естер, – додаде Антониета приоѓајки близу до својата роднина. – Само сакам повторно да ми веруваш.
– На што се должи ова?
– Знам дека не си среќна со Фаусто. Може да ти го даде целото злато на светот, да ти ги купи сите бакалници, но никогаш нема да бидеш среќна со него.
– Зошто мислиш така?
Ваквата отвореност на Антониета ја изненади неочекувано.
– Ти не го љубиш. Сигурна сум во тоа.
– Како можеш да кажеш нешто такво? Фаусто ми е сопруг и мое право е да го љубам и почитувам.
– Навистина? И како го почитуваш? Со тоа што го носиш својот љубовник под неговиот кров? Со тоа што делиш страст со туѓ маж во постелата на твојот сопруг? Нема потреба да негираш, Естер. Сношти видов со сопствени очи. Знам дека Енцо Анџели помина ноќ со тебе во постелата на твојот сопруг!
***
Јовица Крстевски | ТВ Пакет