Аргентинската актерка, пејачка и модел, Луисана Лопилато во придружба на својот сопруг, пејачот Мајкл Бубле, минатиот викенд е фотографирана во Канада. Луисана, која е во петтиот месец од својата бременост, со Мајкл го очекува првото дете. Откако завршија со ручекот, парот се упати кон аеродромот од кадешто приватниот авион се упати кон тајна дестинација.
Мајкл неодамна откри дека патот до бременоста не бил „лесен“.
– Ништо во тој чин не беше секси. Иако мојата сопруга е убава и сексипилна, „правењето“ на детето не беше ниту малку секси. Се случуваше да ми рече: „Мајкл време е.“ Точно во одредено време имавме однос, после кој таа лежеше 15 минути со нозете кренати во воздух, изјави пејачот.
{gallery}042013/luisana-trudna{/gallery}
Крис Манев | ТВ Пакет