Она што следува оваа сезона пролет-лето 2013 во естрадниот магазин „Бекстејџ“ ќе ве задржи пред малите екрани како никогаш досега. Стивен Спилберг, Никол Кидман, Ема Водсон, Леонардо Ди Каприо и Орландо Блум ќе го „зачинат“ со гламур годинешниот „Кански филмски фестивал“, а тука некаде во тој период коренот на возбудата започнува да расте во Малме, Шведска. „Ајде да се возбудиме“ – ќе ни порача екипата на естрадниот магазин Бекстејџ директно од „Евровизија 2013“.
И додека сеуште ги средувате сопствените впечатоци за се она што ќе биде и треба да биде, тука е најновиот „EXIT“ фестивал, еден добар почеток на престојното лудо лето. Исто така „Belgrade Calling 2013“, „Пробиштип Аква Парк Фестивал“, „Whitesnake open air concert“, „Sziget“ директно во вашите домови благодарение магазинот од зад сцената. Најавата е во прилог.
Крис Манев | ТВ Пакет