Почетна / Живот / ТВ Пакет во посета на паркот „Луна“, панорамата исчезна!

ТВ Пакет во посета на паркот „Луна“, панорамата исчезна!

 

Иако препознатливото панорамско тркало на скопскиот парк „Луна“ е размонтирано веќе еден месец, сеуште постојат посетители на паркот коишто се разочарани од празнината што боде очи во некогашното највесело место во градот.

 

 

Забавниот парк во Скопје постои повеќе од 40 години, а исто толку стар беше и реквизитот којшто ѕиркаше над дрвјата во паркот примамувајќи детска љубопитност од повеќе страни на градот. Панорамата не фукнционира повеќе години, но и покрај тоа претставуваше вредност и причина да се посети најшареното катче во градскиот парк.

Кога се расипа овој реквизит повиканиот сервис побара неколку илјади евра за поправка, што за „Луна“ значеше преголем трошок. „Повеќе ќе не чини набавка на нова панорама отколку поправка на старата“, изјавија надлежните во 2004. година кога кругот од спомени го запиша своето последно вртење.

 

 

Неколку пати се најави монтажа на нов и екстра модерен забавен парк на истото место, но од тоа ништо не се случи. Паркот секојдневно пропаѓа, а со отстранувањето на овој реквизит истиот веќе не е она што беше.

 

 

Во случајна посета на „Луна“ денеска налетавме на неколку граѓани од кои побаравме мислење за моменталната состојба на местото за кое времето застанало. Зачудени од глетката дека и покрај состојбата на фосилните реквизити, паркот сеуште е полн со џагор и детски насмевки, прашавме дали како посетители на паркот се согласуваат со одлуката да се размонтира обележјето.

Повеќето изјавија дека своите деца не би ги пуштиле да се возат на панорама која датира од нивното детство, но строго ја осудуваат одлуката истата да се демонтира. Паркот е стар и наликува на влез во временска машина, па токму поради оваа негова состојба граѓаните сметаат дека при монтажа на нови реквизити пожелно би било да се остави барем еден од старите како спомен. Вработените во паркот не беа расположени за коментирање, само кратко изјавија дека панорамата „исчезна“ поради големите трошоци на одржување, односно не можеле да си дозволат да инвестираат толку во еден украс.

 

 

Корпите од панорамата се расфрлани низ тревникот во паркот и оставаат тажна глетка, а каде завршија останатите делови од реквизитот и што се планира со нив не се знае. Денеска на ова место стоеше некаква наплатна станица за движечки телетабиси. Тажно е кога некој ти ги урива спомените.

 

 

видео: Љубиша

 

{gallery}042013/park-luna{/gallery}

 

 

 

Крис Манев | ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Добитниците на награди на Струшките вечери на поезијата 2024

Со Меѓународен поетски митинг на платото пред Музејот на современа уметност во Скопје, заврши 63. …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!