Почетна / Вебновела / Одмазда – љубов и смртна казна (74. продолжение)

Одмазда – љубов и смртна казна (74. продолжение)

 

Под врелото сонце, Кристина ги переше алиштата на бунарот, кога нечија сенка го прекри нејиното лице и кога го подигна погледот, забележа како Анибал Кастењон ја симнува шапката пред неа.
– Кристина…
– Барате нешто, господине?
– Дојдов да те видам, – срамежливо почна тој.
– За што?
– Би сакал да бидам повторно со тебе, Кристина. Подготвен сум да платам овој пат.
Кристина не се сомневаше дека е добра во кревет, мажите често ја бараа повеќе пати, затоа нејзината реакција и не беше толку зачудувачка.
– Јас пак мислев дека Вам не Ви се допаѓаат жените како мене, господине.

 

 
ОДМАЗДА
љубов и смртна казна 

Продолжение 74 – „Елиса му признава на својот татко; Вљубена сум во Енцо“

 

Под врелото сонце, Кристина ги переше алиштата на бунарот, кога нечија сенка го прекри нејиното лице и кога го подигна погледот, забележа како Анибал Кастењон ја симнува шапката пред неа.
– Кристина…
– Барате нешто, господине?
– Дојдов да те видам, – срамежливо почна тој.
– За што?
– Би сакал да бидам повторно со тебе, Кристина. Подготвен сум да платам овој пат.
Кристина не се сомневаше дека е добра во кревет, мажите често ја бараа повеќе пати, затоа нејзината реакција и не беше толку зачудувачка.
– Јас пак мислев дека Вам не Ви се допаѓаат жените како мене, господине.
– Јас никогаш не го реков тоа. Јас само…Секогаш сум избирал со која ќе бидам. Те молам речи да.
– Во ред, прифаќам. На крајот, не е Ваша вина што сте женет со болна жена.
– Да знаев што пропуштам, немаше да те одбијам онаа ноќ во борделот на тетка Кармен.

Кога падна ноќта, Фаусто ја напушти својата соба подготвен да ја мине вечерата со својата фамилија во трпезаријата. Чекорејки по коридорот, забележа светлина во собата на Елиса и влезе во собата. Повика по својата ќерка и девојката се јави од бањата дека веднаш ќе излезе. Одлучи да ја почека. Додека ја чекаше, погледот му падна на тоалетната масичка каде што покрај фенерот стоеше фотографија од Енцо. Од каде негова фотографија во таа соба, се запраша?!
– Подготвена сум, татко. Одиме?, – праша Елиса излегувајки од бањата.
– Што прави фотографија од прокелтиот италијанец во твојата соба, Елиса?
– Не го нарекувај така, татко…Енцо е човек како сите нас.
– Може ли да знам од кога ти се интересираш толку за тој стаорец?
– Ќе бидете партнери колку што знам.
– Каква врска има тоа?
– Сигурно гледаш вредности во него штом го земаш за партнер.
– Тоа не го прави помалку бедник.
– Енцо е човек за пример и би требало да го почитуваш, татко.
– Каде води сето ова, Елиса? И одговори ми од каде негова фотографија во твојата соба?
– Сеуште не сфаќаш татко? Сеуште не сфаќаш дека јас го љубам Енцо?
– Ти си полудела, Елиса!, – вилицата на Фаусто се тресеше од бес.
– Не, не сум луда татко. Јас го љубам, Енцо.
– Зарем ти направил нешто тој човек штом си се загледал аво него?
– Не, не ми сторил ништо, – со страв одговори девојката.
– Ако слушнам дека те допрел ќе го убијам уште вечерва!
– Не, Енцо сеуште не знае за моите чуства кон него, но сега кога ти знаеш, татко, те молам помогни ми да го запознаам подобро.
– Ти си луда, Елиса!
Фаусто не ме можеше да се контролира. Фалеше многу малку за д аи ја залепи една.
– Не сум луда. Само сум вљубена жена, – низ покорни солзи, девојката го отвораше своето срце пред својот татко. – те молам, помогни ми да се омажам за Енцо.
Клекна на колена пред него, како грешница која бара исцелител. Беше очајна и не знаеше како поинаку да ја манифестира својата љубов. Фаусто грубо ја грабна со своите силни раце, ја подигна од подот и ја фрли на креветот, како стара вреќа.
– Ти никогаш нема да се омажиш за некој бедник како него!
– Енцо не е бедник, сега има пари.
– Ти си Кастењон, а Кастењон никогаш не ја меша својата крв со Анџели. Кастењон не се мешаат со слуги, девојко!
– Зошто си таков, татко? Зошто никогаш не ме разбираш? За разлика од тебе, мајка…
– Што мајка ти?
– Мајка знае за моите уства кон Енцо и ме разбира.
Фаусто не можеше да го контролира својот бес. Ја грабна својата ќерка и влечејки ја низ коридорот ја довлечка до собата на Естер, која се подготвуваше за вечерата.
– Што се случува?, – праша загрижено кога слушна врева и забележа солзи на лицето на својата ќерка.
– Дојдов да разговараме за Енцо и нема да заминам одовде додека не ми објасниш се, Естер! Се!
Естер почуствува како го губи тлото под нозете. Дали Антониета го одвразала својот отровен јазик и му признала на Фаусто за она што го видела сношти? Дали Фаусто знае дека Енцо Анџели ја поминал ноќта на фазендата, со неа? Се чуствуваше толку слабо во тој момент, што малку фалеше за да се онесвести.
Зад затворената врата, стоеше Антониета која со ситење ја наслушкуваше расправијата помеѓу сопружниците.
– Што сакаш да знаеш за Енцо?
– Уште еднаш ме резочара, Естер! Колку долго знаеш дека нашата ќерка е вљубена во Енцо Анџели?
– Мамо, те молам кажи се, – се замеша Елиса. – Кажи му на татко дека ја одобруваш мојата љубов која ја чуствувам за Енцо.
– Вистина е. Некое време знам за чуствата на Елиса кон тој човек. Но, јас верувам дека е само збунета. Дека чуствува благодарност кон него. Сето ова доаѓа од оној ден кога и го спаси животот.
– Нашата ќерка го загубила раумот. Вели дека сака да се омажи за него!
– Не е можно, – крика Естер.
– Мамо, те молам не глуми дека си изненадена. Ти добро знаеше за моите чуства кон Енцо.
– Изгледа јас сум единствениот имбецил кој секогаш последен ги дознава нештата во оваа куќа? Да си зборувала со мене уште од почетокот, Естер, ништо од ова немаше да се случи.
– Жалам, Фаусто. Никогаш не го зедов здраво за готово она што Елиса го чуствува за тој човек.
– Уште колку ли тајни криеш од мене, Естер? Бидејки јасно е како ден дека ти не си искрена со мене. Сакам да ми кажеш се што треба да знам. Веднаш!
– Немам што да ти кажам. Не кријам ништо.
– Имам секакво право да се сомневам во тебе знаејки дека долго си го криела она што нашата ќерка го чуствува за тој човек.
– Ти кажав, не верував дека е толку значајно. Признавам, можеби погрешив. Но јас не сум единствената која греши во оваа куќа! И што ќе правиме сега?
– Очигледно, нашата ќерка нема да има ништо со тој човек.
– Зошто не?, – праша девојката.
– Бидејки тоа е моја одлука и точка. Од денес ти е забрането да излегуваш од оваа куќа!
Елиса не можеше да ги задржи солзите. Погледна во својата мајка која немо стоеше на страна.
– Ве мразам, – процеди. – Двајцата ве мразам, – додаде и истрча од собата. За малку ќе се судреше со Антониета која одглуми дека случајно минува низ коридорот. Липтајки, ја тресна вратата од својата соба.

Кристина ја напушти собата на Анибал, поправајки го фустанот на себе. Анибал лежеше како на седмо небо, простувајки се од љубовницата, кога без никаква најава во собата влезе Лукреција, бесна како фурија.
– Анибал, што правеше со таа жена?
– Дали ме шпиунираше, Лукреција?
– Одговори ми што правеше зад затворена врата со таа ороспија?
– Јас немам што да ти одговорам, Лукреција! Ако заборави, мојот брак со твојата ќерка е договорен. Затоа секој може да прави што сака.
– Анибал, под твое ниво е да се мешаш со такви жени.
– Остави ме на мира. Немаш право да ми се мешаш. Или заборави дека ти самата реши да ставиш крај на нашето?
Лукреција немаше што повеќе да додаде. Ја напушти собата треснувајки ја вратата зад себе.

Вечерата беше откажана поради тоа што никој од фамилијата немаше апетит. Марија Грација и слугинките го собраа приборот од трпезариската маса, додека во работната просторија Фаусто му се довери на својот помлад син за новонастанатите проблеми со Елиса.
– Твојата сестра го загубила разумот, Рикардо.
– Смири се, татко. Елиса е само девојче, сигурно ќе го заборави додека да трепне, – рече Рикардо, полнејки ја татковата чашка со коњак. Знаеше дека само силен пијалок ќе може да го смири пред спиење.
– Јас не ја израснав Елиса за да се загледа во ништожник како Енцо Анџели!
– Не би се согласил дека Енцо е ништожник, татко. Види до каде стигна за кратко време.
– Дури и да е милионер, за мене секогаш ќе остане бедник.
– За кратко време, тој човек ќе биде идеална прилика за секоја жена. Слушај ме татко. Ти само сакаш да му ја преземеш таа земја и да го добиеш сето најдено злато? Има ли подобро нешто од брак за да го постигнеш саканото?
– Како можеш да помислиш? За ништо на светот нема да ја омажам мојата ќерка за тој беден италијанец!
– Секогаш сум верувал дека постои многу поголема причина за омраза кон тој човек од узурпирањето на твојата земја?
Фасуто потегна голтка од коњакот и длабоко воздивна.
– Имаш право, Рикардо. Има нешта кои не сум ги кажал никому…
– Какви нешта?
– Енцо Кастењон е син на мојот татко. Енцо и јас сме браќа!

***

Шест месеци заедно со вас. Ви благодариме што не читате. Вашата омилена вебновела не продолжува да Ве изненадува со големите пресврти кои следат.

 

 

 

Јовица Крстевски | ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Научи ме да летам | Enseñame a Volar #055, 056

#55то продолжение                 Беше нешто по полноќ, кога лежеа голи на софата во …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!