Рано наутро, Фаусто дојде до колибата на Енцо. Цела ноќ размислуваше за предлог идејата на неговиот син. Конечно се увери дека Рикардо е во право. Само бракот помеѓу Елиса и Енцо ќе може да му ја врати одземената земја. Колибата сеуште беше потоната во сон. Фаусто слезе од коњот и затропа на вратата. Помина некое време додека Енцо не отвори.
– Фаусто?! Што бараш тука, толку рано?
ОДМАЗДА
љубов и смртна казна
Продолжение 75 – „Ќе се мажи за Енцо“
Рано наутро, Фаусто дојде до колибата на Енцо. Цела ноќ размислуваше за предлог идејата на неговиот син. Конечно се увери дека Рикардо е во право. Само бракот помеѓу Елиса и Енцо ќе може да му ја врати одземената земја. Колибата сеуште беше потоната во сон. Фаусто слезе од коњот и затропа на вратата. Помина некое време додека Енцо не отвори.
– Фаусто?! Што бараш тука, толку рано?
– Тука сум да разговараме, Енцо. Како маж со маж.
Енцо направи чекор од прагот и го пушти гостинот да влезе. Фаусто гледаше околу себе. Беше свесен дека многу скоро Енцо ќе ја замени оваа бедна колиба со пространа хациенда. Затоа мораше да делува веднаш.
– Сакам да знам дали си и дал мотив на мојата ќерка да се загледа во тебе?, – го праша отворено, без никакви заобиколувања.
– Од каде ова?
– Елиса самата ми кажа. Ми призна дека е вљубена во тебе.
– Твојата ќерка е девојче, Фаусто, не знае што чуствува.
– Не, Енцо. Мојата ќерка е млада жена и ќе те замолам да внимаваш како се однесуваш пред неа.
– Никогаш не сум погледнал, не сум ни помислил да погледнам во твојата ќерка.
– Ако ни успее планот, ти би бил одличен кандидат за неа.
– Ти веруваш дека јас ќе станам богат човек?, – праша Енцо.
– Нема сомнеж дека ќе бидеш.
– И затоа сега сакаш да се оженам за твојата ќерка?
Енцо беше бистар, не му требаша долго да го провали соговорникот.
– Зошто да не? Ти си самец, Елиса е во доба за мажење.
– Како можеш да гледаш се преку призмата на пари?
– Зарем има нешто поважно од парите, Енцо?
– Слушни ме добро, Фаусто. Јас многу ја ценам твојата ќерка, но пред се, Елиса ми е внука.
– Тоа е нешто што ни таа ни никој друг нема да го дознае. Размисли добро, Енцо. Мојата ќерка е одлична прилика. Освен тоа, еден Анџели да влезе во фамилијата Кастењон е нешто што никогаш не се случило.
Елиса беше известена дека нејзиниот татко сака да разговара со неа. Влезе во неговата работна соба со спуштен поглед. Се прашуваше што е следно? Дека ќе ја затвори во манастир до крајот на животот?
– Антониета ми кажа дека си ме барал, татко.
– Затвори ја вратата, Елиса. Зборував со Енцо.
– И? Не ми вели дека си го повредил, – навистина исплашено крикна девојката.
– Не, не, – негираше повлекувајки дим од кубанската цигара. – Само разговаравме. Размислував цела ноќ и дојдов до заклучок дека Енцо е одлична прилика. За мене секогаш ќе биде бедник, но барем сега ќе има многу пари. Да бидам краток, му кажав дека можете да се верите.
Младата Елиса не можеже да дојде до збор од возбуда. Не знаше дали сонува или сето ова е јаве?
– Навистина, татко?
– Биди мирна, Енцо не рече да, сеуште.
– Сигурна сум дека нема да рече ни не, татко. Ти благодарам, ти благодарам од се срце.
– Нема за што да ми благодариш, Елиса. Само сакам да бидеш среќна.
Естер слезе од својот коњ чии узди ги врза пред дрвото кое беше издигнато пред самата врата од колибата на Енцо. На себе носеше темен фустан и шал кој и беше врзан околу вратот. Црната коса која и паѓаше преку грбот, и даваше изглед на кршливост и слабост. Пред да затропа на вратата, Енцо ја отвори. Го имаше чуено коњот и ја здогледа својата љубена преку прозорецот.
– Естер.
– Дојдов да разговараме за Елиса. Мојата ќерка е како опседната од тебе.
– А, гледам дека не си запзонаена со плановите на твојот сопруг.
– За какви планови зборуваш?
– Твојот сопруг дојде да ми ја понуди раката на твојата ќерка, Естер.
Ваквата вест ја прободе како копје во градите. Од прва и беше неверојатно она што го говори Енцо, но кога подобро размисли стана свесна дека Фаусто е способен за тоа и многу повеќе.
– И што му одговори ти?
– Сеуште не му одговорив ништо. Сеуште размислувам.
– Што имаш да размислуваш? И двајцата знаеме дека немаш никакви чуства за мојата ќерка.
– Вистина е. Не чуствувам ништо за неа. Единствената жена за која чуствувам нешто си ти Естер.
Ја спушти својата груба, машка рака на нејзиното нежно, бело лице. Таа ги затвори капаците преку очите. Дојдоа во израз нејзините трепки, црни и густи, навлажнети од солзите кои ги пролеа.
– Не плачи. Те љубам, Естер. Решив да го прифатам предлогот на твојот сопруг за партнерство од две причини. Да и помогнам на мојата фамилија да излезе од бедата во која живее и за да се збогатам и да можам да ти приуштам се што заслужуваш. Естер, те молам, дојди да живееш со мене. Биди моја жена. Остави го Фаусто и биди моја.
Тоа беа зборовите кои сонуваше да ги слушне. Брак со Енцо, човекот кој го љубеше повеќе од се. Живот со него беше нешто за кое копнееше. Но како? Со три деца зад себе и пропаднат брак? Што ќе рече општеството, што ќе речат нејзините синови?
– Енцо, те молам, не ми го прави ова, – рече на крајот, вртејки му го грбот. Беше премногу слаба и можеше лесно да падне на неговите зборови.
– Зошто не, Естер? Двајцата сме возрасни и се љубиме без гранично?
– Нештата не се така лесни како што изгледаат, Енцо.
– Дали си подготвена да го оставиш твојот сопруг за мене?
– Не, – одговори таа со тешко срце. – Тоа никогаш нема да го сторам.
– Тогаш немаме за што да зборуваме, – додаде тој додека зениците му ги влажнеа солзи. Пријде до вратата и ја отвори за таа да си замине.
– Јас само дојдов за да ја оставиш мојата ќерка. Не дојдов да зборуваме за нас.
– Тебе само те интересира мислењето на општеството. Што би рекло селото кога би се омажила за човек како мене? Еден ден таа твоја ограниченсот ќе те уништи, Естер.
– Не е тоа.
– Секако дека е тоа. Ти никогаш не би се омажила за обичен работник. Те молам, оди си. Оди и не сакам повеќе да те видам, Естер. Оди си!
***
Јовица Крстевски | ТВ Пакет