Почетна / МК Сцена / Песната „Бато“ е вистинска кичевска приказна

Песната „Бато“ е вистинска кичевска приказна

 

Песната „Бато“ ја постави Калиопи на ѕвезденото небо. Поминаа повеќе од 25 години и ден денес никој не останува рамнодушен на „Бато“ изведена од Калиопи.

Авторот на овој текст сеуште го памети нејзиниот настап во родното Кичево, во домот на АРМ (тогаш ЈНА) за некој празник кога сите скокнаа од воодушевување од изведбата. Што ја натера Калиопи да испее така и да продре во секој од нас длабоко во душата? Како настанала песната? Порталот Кичево.мк пишува за тоа.

Според кажувањата оваа приказна потекнува од кичевската калдрма, а се работи за младешка забранета љубов и навистина е емотивна. Приказната потекнува од средината на минатиот век. Биле двајца млади, се вљубиле. Била навистина голема љубов, ги знаел градот.

 

 

Но, поради тоа што девојката била многу млада, домашните и забраниле да се гледа со момчето. Минувало време, болката никако не стивнала. Единствен човек кој ги поддржувал е токму братот на девојката, виден и почитуван човек во Кичево. Ја знаел болката на сестра си. Бидејќи и бил најблизок, бил нејзиното рамо за плачење, нему му се изповедала, на својот роден „бато“. Тука некаде настанала и оваа песна. На крајот, сепак биле заедно. Поминале неколку децении додека Калиопи ќе ја преточи во песна.

Порталот посочува и дека очекува Калиопи лично да ја раскаже емотивната приказна.

 

 

 

| ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Анониа Гиговска проговори за бившиот: Го сакам Иван како човек

Антониа Гиговска, откако по четири години ја прекина врската со Иван Јованов, вели дека во …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!