Сигурни сме дека на сите ќе ви недостигаат досега најлудите станари што некогаш учествувале во балканската верзија од шоуто „Големиот брат“, но тие се ВИП личности, кој повеќе кој помалку, па затоа престојот во куќата беше ограничен на само шест недели. Од септември стартува обичниот „Голем брат“ кој ќе трае многу повеќе.
Вчеравечер во првото полуфинале публиката гласаше и одлучи дека Милиќ е следниот што треба да си замине од куќата и тоа и се случи. Вечерва ќе се одржи второто полуфинале, но овој пат станарите ќе добијат изненадување со тоа што двајцата станари ќе ја напуштат куќата наместо еден како што им најавија претходно.
Во куќата моментално присутни се полуфиналистите Сораја Вучелиќ, Ава Карабатиќ, Анета Наковска, Маја Волк, Драгутин Топиќ, Венди и близнаците Жељко и Жарко. Вечерва ќе излезат двајца, а останатите влегуваат во финале. Финалната вечер ќе се одржи во понеделник, а победникот ќе стане побогат за 50.000 евра.
Од Македонија вечерва на второто полуфинале и во понеделник на финалето на сцената на „Големиот брат“ ќе се појави најдобрата, најдуховитата и најубавата македонска водителка Снеже Велков. Вклучувањата во живо како и досега ќе бидат коментирани од Игор Мурговски.
Ивана Таневска | ТВ Пакет