Сто и петнаесетто продолжение од вебновелата “Црвена месечина”
Силно ја повлече за нејзината рака и ја понесе кон телефонот. Марија Клара се опираше, но тоа му даваше повеќе сила. Почна да ја влече за коса до аголот на кој стоеше масичката со телефон.
– Оди пред мене! Измисли што сакаш но одма да побараш поништување!
– Немаш право да го бараш тоа од мене…
– Јави му се!, – ја туркаше нејзината глава во телефонската слушалка.- Лудачо! Ти не си нормална!
– Немаш право да ми зборуваш така, Фабијан… те молам.
– Секако декжа имам! Знаеш ли зошто твоите роднине те чувале како во стаклено ѕвоно сите овие години!? Знаеш ли зошто се плашиш од покажана сила и повишен тон! Бидејки си била силувана како мала!
Марија Клара низ солзи вртеше со главата. Се обиде да побегне од неговите силни раце, но не успеа. Се влечеше силно и кога успеа да се ослободи потрча кон скалите, но се лизна на килимот и падна по скалите, превртувајки се. Остана да лежи на подот без свест.
Кога Лусија се врати во апартманот на Артемио, тој ја дополнуваше својата чаша со бурбон.
– Каде беше?, – ја праша.
– Да се видам со Лоренсо, – одговори таа оставајки ја чантата на креветот. – Му кажав дека не ти е потребен повеќе и сака да знае што да прави со Висента бидејки вчера започнале врска?!
– Види види, мислев дека жената има скрупули. Не очекував дека ќе падне на шармот на првиот жиголо кои ќе и изјави љубов.
– Ми кажа дека ја запознал и Марија Клара Валенсија. Освен тоа, одбива да се врати во Мексико.
– Кажи му на Лоренсо дека сакам да разговарам со него. Нека биде во девет часот во кафетеријата на плоштадот.
***
– За среќа не го загубила плодот, – докторот ја извести Клемеснија откако ја прегледа Марија Клара. – Господинот Молина е со неа во собата.
– Ви благодарам, докторе.
Марија Клара лежеше на својот кревет, потпрена на градите на Алехандро, кој ја смируваше.
– Беше како ѕвер…Мислам дека беше способен да ме убие.
– Кажи ми искрено дали тој те турна, Марија Клара? Бидејки ако е така…
– Не, паднав самата, бегајки од него…Од неговиот бес…
– Смири се сега. Смири се, те молам. Помина. За среќа ти и бебето сте добри.
– Ми кажа нешто пред да паднам…
– Што ти кажал?
– Ми кажа дека ме силувале како мала. Дали е тоа вистина, Алехандро?
Тој не одговори ништо. Само стана од креветот, ја напушти собата со брз чекор. Истрча по ходникот, прелета преку скалите и ја напушти куќата. Го затекна Фабијан во дворот додека се поздравуваше со докторот. Го зграпчи од зад грб, со своите подлактици го притсина за вратот, беше во состојба да го убие. Докторот се обидуваше да ги одвои, но беше залудно.
– Врти се веднаш и кажи и на Марија Клара дека не е вистина тоа што си и го кажал!
Фабијан одвај доаѓаше до здив. Лицето му поцрвене и одвај можеше да се избори со силата на Молина.
Клемеснија влезе тивко и на прсти во собата на својата внука, надевајки се дека можеби спие и не сакаше да ја разбуди со било каква врева. Но, кога виде дека очите на нејзината внука се широко отворени, се насмевна благо и ја бакна в чело, седнувајки до неа на работ на креветот.
– Сакаш ли да ти донесам нешто да јадеш, мила?
– Тетко, зошто Фабијан ми кажа дека како мала сум била силувана?!
Ваквото прашање ја погоди Клеменсија како гром од ведро небо. Со години се бореше нејзината внука да не дознае за траумата и сега кога дојде тој час, немаше одговор, не знаеше како да постапи.
– Рече дека ти и дедо сте ме чувале во стаклено ѕвоно, бидејки сум била силувана како мала. Дали е тоа вистина, тетко?
– Како можел да ти каже нешто такво?
– Се налути кога му кажав за полномоштвото.
– Те предупредив, Марија Клара.
– Ќе ми кажеш ли зошто Фабијан ми го кажа тоа? Дали е вистина?
– Секако дека не е вистина, небо. Фабијан ти го кажал тоа за да те вознемири, за да те повреди.
– Не, ако Фабијан ме излажал, зошто тогаш Алехандро изреагира така бурно кога му кажав? Се налути и истрча од собава како да го гони ѓаволот. Се плашам дека може и да го убие.
– Ти велам дека тоа што ти го кажал Фабијан не е вистина и не е вистина, Марија Клара.
– Алехандро не би изреагирал така да не беше вистина. Зошто мислам дека не ми ја кажуваш вистината, тетко?
Фабијан ја згасна цигарата во пепелникот. Сеуште чуствуваше болка во вратот по вербалниот конфликт кој го имаше со Молина. Одеднаш некој ја тресна вратата и пред да го заврти погледот, Клеменсија пријде до него како фурија и му замавна силна шлаканица.
– Како можеше да и го кажеш тоа на Марија Клара?, – го праша, гледајки го со искри бес во очите.
– Како е сега?
– Добро, за среќа успеав да ја убедам дека си ја прелажал за да ја повредиш. Како можеш да бидеш толку зол, Фабијан?
– Претерав, признавам…Но, морате самата да признаете дека во последните месци сум марионета во рацете на вашата внука. Целиот град ме зборува зад грб, сите знаат за аферата која Марија Клара ја имаше со Молина. Ме понижи и ме погоди по она што најмногу боли…егото.
– Сеедно ми е што те боли. Размислив и најдобро е еднаш засекогаш да ставите крај на тој брак!
– Како сакате! И онака веќе немам ништо од неа! Но, ако се разведеме, заборавете дека ќе го признаам детето на Марија Клара како мое.
– Сеедно ми е, – ладнокрвно му одговори старицата.
– Не, не ви е сеедно, Клемеснија. Мене не можете да ме прележете.
– И зошто сакаш да останеш во задница со мојата внука? За да ја тортурираш? Имај милост, Фабијан. Како можеше да и го кажеш тоа, знаејки дека било несреќа?
– И јас доживеав многу несреќи во мојот живот, – рече тој. – И никој не ми покажа разбирање. Зошто јас да имам разбирање?, – праша со горчлив тон и ја напушти просторијата.
Таа вечер, како што бше договорено, Артемио се најде со Лоренсо во кафетеријата на плоштадот. Лоресно му зборуваше за блсикоста која ја стекнал кај Висента.
– Почна да ми зборува за нејзиниот живот, за нејзиниот сопруг, и јас како добар слушател падна на мојот шарм.
– Лоренсо, искрено не те повикав за да зборуваме за твојата романса со таа жена. Потребен си ми да направиш нешто за мене. Сакам да сокриеш едни докази кои ги имам против Фабијан Монтеро.
– Какви докази?, – праша Лоренсо, подигнувајки ја криглата со пиво.
– Докази со кои можам да го уценувам, – одговори Артемио. – Зборувај ми сега за мојата ќерка.
– Лусија ми кажа дека сакаш да го напуштам градот, но мислам дека сега е најпотребно да останам.
– Зошто?
– Бидејки Матилде не сака да ги прифати ни твоите пари ни твоето презиме, – излажа Лоренсо, а Артемио лесно падна на неговата стапица.
– Не разбирам зошто. И реков дека е половична налседничка на се што имам, освен тоа ќе добива по десет илјади месечно додека сум жив.
– Да, но Матилде не е таква, знаеш дека ни таа ни Висента не се по парите.
Истовремено, во пансионот, Висента и Матилде имаа разговор на истата тема.
– Сакам да знаеш дека сум свесна дека парите решаваат многу нешта, – и говореше Висента, држејки ја за рака. – Животот ќе ти биде многу полесен со тие средства и би било себично од моја страна да барам од тебе да се лишиш од тоа задоволство. Но, дали си помислила од каде се тие пари? Дека може да се валкани пари? Порано и самата велеше дека Артемио е бесрамник. Беше уверена дека Артемио и Фабијан Монтеро се виновни за смртта на сопругата на господинот Молина.
Матилде молчеше.
– Што направи за да го промениш мислењето ќерко?
– Алехандро никогаш не го докажа тоа што го тврдеше.
– И тоа го ослободува од вината твојот татко? Размисли добро пред да донесеш конечна одлука, – додаде Висента и ја бакна својата ќерка пред да ја напушти собата. – Добра ноќ.
Неколку денови подоцна…
Пас седеше замислено во кујната на хациендата, додека Маргарита и зборуваше нешто, но ниту збор не допираше до неа.
– Мамо, мамо, ме слушаш ли или зборувам со ѕидови?, – извика Маргарита на крајот.
– Прости ми, ќерко. Што велеше?
– Што ти е? Во последно време си расеана, замислена…
– Ах, Маргрита, не сакав да те загрижувам, но морам да споделам со некого. Ме загрижува отсуството на твојот вујко. Со денови нема глас од него.
– Те молам, мамо. Како да не знаеш каков е. И минатиот пат беше така, помниш, кога се врати со нови работи?!
– Да, но тогаш дон Фабијан му имаше дадено отсуство. Сега никој не знае каде е. Како да го проголтала земја. Стравувам дека му се случило нешто. Ќе го запалам кандилото во негово здравје.
Продолжува…
LucasScott | ТВ Пакет