Почетна / Телевизија / Големиот брат / Не очекува спектакуларно финале на „Големиот брат“

Не очекува спектакуларно финале на „Големиот брат“

 

Неколку часа не делат од прогласувањето на победникот на оваа сезона на „Големиот Брат ВИП“. Останаа само шест станари во куќата, а ние се прашуваме кој ли вечерва ќе излезе од реалното шоу побогат за 50.000 евра?

Финалисти на петтата сезона од „Големиот брат“ се: Хрватицата Ава Карабатиќ, за која повеќето од станарите сметаат дека има тактика, македонската пејачка Анета Наковска, која беше наклонета кон кланот на Венди и за која Синди своевремео велеше дека е простакуша, Србинот Драгутин Топиќ, кој женскиот клан во куќата веќе пред една недела го прогласи за победник, додека останатите го сметаат за добар тактичар, Сораја Вучелиќ, која не влегуваше во конфликти (освен инцидентот со тортата) и за која Весна Вучелиќ Венди рече дека во текот на својот престој во куќата ги броела авионите кои летале преку Кошутњак и близнаците од Франција Жељко и Жарко, кои од почетокот на реалното шоу зборуваат за победа, додека Маја Николиќ ги сметаше са девојчиња.

 

Вечерва веднаш по турската серија „Аси“ на Сител телевизија го гледаме спектакуларното финале на најгледаното шоу на Балканот и пошироко. Продуцентот на „Големиот брат“ најави настапи од познати пејачи и присуство на сите поранешни станари од оваа сезона. Шоуто во Македонија ќе биде коментирано од Игор Мурговски, а покрај Маријана Мичиќ водител на шоуто ќе биде и Снеже Велков.

 

 

 

Крис Манев | ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Какви навреди упати Стефани до гласачите од Македонија?

  Стефани : Тие деца што ги тренираш, тие дебили кои гласаат за тебе   …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!