Финалето на петтата сезона од ВИП изданието на „Големиот брат“ со крајно шокантно финале! Иако сите очекуваа дека продукцијата ќе направи се за да победи нивниот миленик Драгутин Топиќ – Топ, сепак на крајот победи оној којшто најмалку го очекуваше тоа, природен и спонтан дечко – близнакот Жарко Стојановиќ. Победата на Жарко е типичен пример дека во шоу како „Големиот брат“ нема потреба да имаш стратегија, да имаш секс пред камерите, да влезеш во емотивна врска со некој или пак да се соблечеш гол. Жарко победи со тоа што себеси се прикажа во најнормално издание, без никаква глума и политика.
Уште на почетокот на финалната вечер исфрлена беше Сораја, па потоа Анета, Жељко, па слатката Ава. Топ и Жарко останаа како последни финалисти. Во текот на шоуто Жарко изјави дека не очекува победа и оти самиот себеси не се доживува како ВИП личност на просторите на поранешна Југославија, додека Топ постојано мудро молчеше и очекуваше победа.
Со прогласувањето на победникот ја завршуваме оваа сезона од најгледаното шоу на Балканот. Водителката Снеже Велков најави дека има своја „мисија“ и до крајот на шоуто ја исполни истата. Имено, таа ја натера Синди да им се извини на граѓаните на Скопје за навредата која им ја упати.
Со нови станари во истата куќата за само неколку месеци „Големиот брат“ повторно ќе ги отвори вратите.
Крис Манев | ТВ Пакет