Мартин Филиповски, еден од близнаците од Некст Тајм, го пријави своето учество на Скопскиот Маратон кој што ќе се одржи во недела на 12-ти мај. Силата во трчање Мартин ќе ја одмери со натпреварувачи од различни возрасти и од разни држави, но и со многу познати личности од земјава.
„Веќе подолго време се подготвувам за оваа манифестација. Трчам на Водно три пати неделно и мислам дека сум подготвен да ја истрчам трката од 5 километри. Особено се радувам што ќе ги одмериме силите и во спортски активности со други познати личности од државава“, вели Мартин.
Покрај ангажманот околку маратонот, Мартин заедно со неговиот брат Стефан, го подготвува новиот сингл на Некст Тајм кој што треба да излезе кон крајот на месецов.
| ТВ Пакет