Се сеќавате ли на Мартин Андов, тинејџерот од Неготино што на свои 17 години со сопствен труд умее да создаде електронска музика во светски рамки. Младиот талент сега има нешто ново да ви претстави, а ние со особено задоволство му отстапуваме простор на нашиот портал за да го стори тоа. Музиката и аранжманот повторно се негови, а продолжува и неговата соработка со американската артистка Фариша којашто му го позајмува својот неверојатен вокал. Името на новата композиција на Мартин Андов е „Walls of hope“.

Што мислите, има ли надеж за овој млад талент? Ќе успее ли да ги урне ѕидовите на анонимноста и да се вивне кон височините на славата? Ние сметаме дека е на добар пат кон тоа. Во прилог е музичкото парче.
Првата песна можете да ја слушнете тука
Крис Манев | ТВ Пакет