Почетна / Забава / Евровизија / Нашата делегација во 10-те најпопуларни во Малме

Нашата делегација во 10-те најпопуларни во Малме

 

Според „Сидсвенскан“ – еден од дневните весници на Шведска, во 9-те најпопуларни делегации ја наведе и македонската. Ова се потврди и на официјалната гала вечера за почеток на  58-от Изборо на песна за Евровизија 2013 каде Есма и Лозано беа едни од најинтересните за странските медиуми. На галата каде присуствуваа сите учесници македонските претставници привлекоа најголем број од медиумите кои бараа од нашите претставници изјави. За странските новинари е интересен спој на двајцата пејачи, а најголем број од прашањата упатени кон Есма и Лозано се однесуваа на комбинацијата на двата стила во песната.

 

„Чест ми е што имам можност да ја претставувам Македонија. Оваа манифестација е само уште еден доказ дека изборот на песна и комбинацијата на пејачи за претставување на Македонија е вистинско. Македонија одиме во финале“, изјави Кралицата на ромската музика.
 
„Можноста да се биде покрај првата дама на ромската музика ширум светот е уникатна. Да се биде дел од овој настан е навистина големо искуство. Посакувам само добро претставување на Македонија. Тоа навистина ќе ни биде значајно и потребно,“ додаде Лозано.

{gallery}052013/05{/gallery}

 

 

 

Крис Манев | ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Програмски совет на МРТ : Да направиме напори за учество на Евросонг

Програмскиот совет на МРТ како тело по третпат, односно трета година по ред, сме сложни …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!