Почетна / Забава / Евровизија / Од Екс-Ју само Македонија во финале на „Евровизија“?

Од Екс-Ју само Македонија во финале на „Евровизија“?

 

Доколку утревечер евровизиските претставници на Македонија успеат нашата земја да ја внесат во големото финале, таа ќе биде единствена претставничка на поранешна Југославија, бидејќи никој од нашите соседи не успеа да се избори за влез во финале. Првата полуфинална вечер на 58-то натпреварување за најдобра песна во Европа во шведскиот град Малме им донесе пласман во финалето на претставниците од Молдавија, Литванија, Ирска, Естонија, Белорусија, Данска, Русија, Белгија, Украина и Холандија.

 

 

Босна и Херцеговина годинава немаат претставник на Евровизија, а ждрепката одлучи сите натпреварувачи од поранешна Југославија да настапат во истата вечер, освен Македонија која утревечер ќе биде претставена од Есма Реџепова и Влатко Лозановски. Изненадување за сите беше фактот што песната на Црна Гора не успеа да се пласира во финалето иако важеше за еден од главните фаворити. Песната на Данска котираше особено високо во обложувалниците, а тој статус беше оправдан синоќа.

Само уште Македонија, од земјите од поранешна Југославија, има шанси за настап во финалето коешто ќе се одржи во сабота на 18. мај. Спектаклот допрва се очекува!

 

 

 

| ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Програмски совет на МРТ : Да направиме напори за учество на Евросонг

Програмскиот совет на МРТ како тело по третпат, односно трета година по ред, сме сложни …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!