Почетна / Серии / „ЦСИ Њујорк“ од вторник на Македонската телевизија

„ЦСИ Њујорк“ од вторник на Македонската телевизија

 

Во понеделник во 22:00 часот на првиот канал на Македонската телевизија ќе се емитува последната епизода од третата сезона на тинејџерската драма „Озборувачка“, а веќе во среда ќе биде прикажана и последната епизода од втората сезона на контроверзната „Спартак“. МРТ 1 нема да продолжи веднаш со нови сезони на „Озборувачка“ и „Спартак“, како што не продолжи со нови сезони и на „Бубалици“ и „Фринџ“. Дали овие четири серии ќе продолжат од есен, останува да видиме.

 

 

Но, на местото на „Озборувачка“, љубителите на криминалистичките серии ќе имаат можност премиерно да ја погледнат шестата сезона на „ЦСИ Њујорк“, која почнува веќе од вторник во 22:00 часот. Претходните сезони на серијалот за „Истрага на местото на злосторството“ ги гледавме на А1, но отсега оваа серија како и „ЦСИ Лас Вегас“ и „ЦСИ Мајами“ ги гледаме на МРТ.

 

 

 

Дани Петковска | ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Тајни агенти“, белгиска крими серија премиерно на Телма

Инспириранa од вистински настани. Тајните агенти се инфилтрираат во операцијата на кралот на наркотици, претставувајќи …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!