Пејачката Марија Шерифовиќ којашто пред неколку години победи на „Евровизија“ и истата ја однесе во Србија, сега се најде меѓу членовите на делегацијата на оваа земја на овогодинешната „Евровизија“.
Таа најпрво ги навреди новинарите кои и поставија прашање кој ги облекол српските претставнички. Марија се свртела кон новинарите и рекла: „Погледнете се Вие како изгледате!“, пишува српски Курир. Марија не можела да одолее, а да не ги искоментира претставниците на Албанија – Адријан Љуљѓурај и Бледар Сејк. На Твитер за време на нивниот настап напишала: „Чупав кретену што се дереш?“.
| ТВ Пакет