Штотуку заврши 59. издание од популарниот музички фестивал „Евровизија“. Она што започна во 1956. година, дефинитино порасна во најголем музички натпревар во светот. Се остварија прогнозите на обложувалниците, победник е земјата учесничка Данска благодарение на својот претставник Емили Де Форест со песната „Only teardrops“. Данска победи со 281 поен од 39 држави коишто гласаа вечерва, а второто место беше за Азербејџан и третото за Украина.
Следното издание на „Евровизија“ ќе биде одржано во Данска, а фановите од цела Европа се надеваат дека оваа држава нема да штеди финансии за организацијата на фестивалот како што тоа го стори Шведска, иако и Швеѓаните приредија спектакл на свој начин.
Во финалната вечер за жал не се најде ниту една земја од поранешна Југославија. Во прилог е фотографија од гласовите кои ги даде Македонија. Очигледно не ни доаѓа памет, па на Грција повторно и дадовме поени!
Крис Манев | ТВ Пакет