Почетна / Забава / Давор Марковиќ: „Без ајвар не си одам од Македонија!“

Давор Марковиќ: „Без ајвар не си одам од Македонија!“

 

Младиот српски пејач Давор Марковиќ открива дека Македонките се најдобри во сексот, тој во Охрид остварил некои од своите најголеми фантазии, а неговата идна жена ќе мора да знае да направи македонски ајвар.

 

 

Наскоро доаѓаш во Македонија, што те влече за нашата земја?

Се радувам на доаѓањето затоа што некои од најголемите фантазии ги остварив во текот на снимањето на видео записот во Охрид. Бев со шест Македонки!

Што мислиш за „Големиот Брат“ и нашата претставничка Анета?

Мислам дека Сораја требаше да победи во „Големиот Брат’, затоа што сите останати и беа под нејзиниот ранг. Бев шокиран кога видов колку лош претставник имате во шоуто. Ништо лично, но мислам дека Анета никако не се презентираше, ниту себе си, ниту својата земја.

Што највеќе ти се допаѓа од македонската храна?

Покрај Македонките, го обожавам вашиот ајвар. Секогаш кога доаѓам купувам многу, а последниот пат на настап добив тегла ајвар. Мојата идна жена ќе мора да знае да подготви македонски ајвар.

За крај кажи ни што те прави среќен во животот?

Сакам да патувам и многу работам, сакам да пробам сешто и тоа ме прави слободен и нормален.

 

 

Давор летово ќе го гледаме почесто во Македонија, тој ќе направи турнеа низ целата држава. Неговиот менаџер ексклузивно за ТВ Пакет ќе ги открие датумите и местата каде што Давор и Сораја ќе настапуваат.

 

 

 

| ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Отворен нов датум за новогодишното музичко шоу со кабаре „Еуфорија“

Поради огромниот интерес и целосно распродадениот прв датум на новогодишното музичко шоу со кабаре „Еуфорија“, …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!