Tелевизија Алфа доби дозвола да прекине со емитувањето преку сателит и дозвола за вршење радиодифузна дејност на национално ниво, соопшти Советот за радиодифузија. Фреквенцијата е земена од поранешната А1, најгледаната телевизија во Македонија речиси една деценија, која згасна во 2011. година.
За концесијата конкурирале и Канал 77 од Штип, кој наместо концесија за работа на државно ниво доби укажување „да го усогласи работењето бидејќи е констатирана недозволена медиумска концентрација“.
Советот за радидофизија соопшти дека од 1. јуни кога во сила стапува дигиталниот пренос на телевизиската програма, 31 телевизија сигналот ќе го пренесува преку операторот „ОНЕ“, а останатите 30 преку кабелските оператори.
извор: Нова ТВ
| ТВ Пакет