Почетна / Вебновела / Одмазда – љубов и смртна казна (80. продолжение)

Одмазда – љубов и смртна казна (80. продолжение)

Од ден во ден бакалницата во селото постепено се полнеше со продукти. Тоа претпладне, Луис Анжел појде со Естер да и помогне при дотурот на намирници. Додека ги полнеа полиците, Естер погледна во момчето и рече;
– Ти благодарам што дојде со мене да ми помогнеш, Луис Анжел.
– Нема на што, госпоѓо Естер. И онака немам што да правам на фазендата. Ова ќе биде одлична продавница. Кога ќе се отвори?
– Во среда. Ти си навистина добро момче, Луис Анжел, би бил одлична прилика за мојата ќерка.
– Да, но вашата ќерка е лудо вљубена во својот вереник. Тешко дека некој ќе може да ја тргне од човекот кој и го има украдено срцето.

 

 

 
ОДМАЗДА
љубов и смртна казна 

Продолжение 80 – „Луис Анжел сака да и помогне на Алис“

 
Од ден во ден бакалницата во селото постепено се полнеше со продукти. Тоа претпладне, Луис Анжел појде со Естер да и помогне при дотурот на намирници. Додека ги полнеа полиците, Естер погледна во момчето и рече;
– Ти благодарам што дојде со мене да ми помогнеш, Луис Анжел.
– Нема на што, госпоѓо Естер. И онака немам што да правам на фазендата. Ова ќе биде одлична продавница. Кога ќе се отвори?
– Во среда. Ти си навистина добро момче, Луис Анжел, би бил одлична прилика за мојата ќерка.
– Да, но вашата ќерка е лудо вљубена во својот вереник. Тешко дека некој ќе може да ја тргне од човекот кој и го има украдено срцето.
– Елиса не е вљубена, Енцо е само нејизин каприц, постои голема разлика помеѓу тие две нешта.
– Јас мислам дека е вљубена.
Ваквите зборови ја замислија Естер. Длабоко во себе се надеваше дека момчето греши.
– Јас како добар кавалер, морам да го признаам поразот.
– Те молам, не се откажувај така брзо, Луис Анжел.
– Го искористив сиот мој шарм и не постигнав ништо. Мислам дека треба да се повлечам и да си одам од фазендата. Не знам дали Рикардо ви кажал нешто, но мојата фамилија е во голема финансиска криза. Банката ја затвори заложувалницата која ја имавме во Рио и морам да најдам работа, бидејки моите родителиостанаа дома.
– Ако е поради финансиски причини, јас можам да го спонзорирам твоето останување овде, – искрено му понуди Естер. Во тој момент само сакаше да го задржи момчето на фазендата, близу нејзината ќерка.
– Не би можел да ја прифатам вашата понуда, госпоѓо.
– Те молам остани. Ќе ни треба персонал за продавницата а ти би бил одличен продавач. Знам дека по професија си лекар, но тоа е она што јас можам да ти го понудам. Твојата плата ќе биде и повеќе од задоволувачка.
– Многу сте љубезна, госпоѓо.
– Го барам ова од тебе бидејки сум очајна. Те молам прифати ја мојата понуда и остани во Назаре.
Нивниот дијалог беше прекинат кога во бакалницата влегоа Енцо и Елиса. Елис апретходно и беше ветила на својата мајка дека ќе и помогне во средувањето и чистењето, но Естер не ни помисли дека ќе го доведе и Енцо.
– Елиса?! Господине Анџели? Од каде Вие тука?
– Елиса побара од мене да ви помогнеме во средувањето, госпоѓо. Ќе имате убава продавница, гледам.
– Благодарам.
– Каде ми се манирите, – крикна Елиса. – Енцо, ова е господинот Луис Анжел Бара, пријател на Рикардо од градот.
Младиот лекар пријде до вереникот на Елиса.
– Имам претчуство дека Ве познавам од некаде.
– Не верувам, – нервозно одговори Енцо.
– Сигурен сум дека сме се сретнале во Рио.
– Енцо долго живеел на Север, – се замеша Елиса.
– На Север, велиш? И што работевте таму?
– Луис Анжел, – дрско го прекина Елиса. – Какво е ова распрашување? Го доведов Енцо да и помогнеме на мајка, не да му изигруваш судија а тој да ти биде сведок.

Луис Анжел не можеше да престане да размислува на Енцо остатокот од попладнето. Беше уверен дека тој е човекот за кој се пишуваше во новините. Кога вечерта се врати на фазендата, ја побара новината во својата соба, но ни трага од неа. Слезе во кујната каде што Моналиса ја спремаше вечерата и праша дали случајно го видела весникот утрото додека ја спремала собата.
– Новина?, – изненадено одглуми девојката. – Не сум видела никаква новина во вашата соба, господине.
– Сигурен сум дека тоа е човекот од весникот, – промумља.
– Што рековте?
– Ништо, само гласно размислувам.
Во кујанат влезе Лукреција.
– Видов дека доаѓаш наваму па тргнав по тебе. Можеме ли да зборуваме насамо, Луис Анжел?
– Секако, госпоѓо Лукреција, – рече младиот лекар и појде по Лукреција. Пред да ја напушти кујната ја замоли Моналиса да го извести ако го најде весникот. Го минаа коридорот и влегоа во работната соба на Фаусто, која беше празна а и доволно изолирана за да не може никој да ги прислушкува.
– Естер ми кажа дека имаш завршено медицина и потребен ми е совет од лекар, – Лукреција без заобиколување, прејд ена главното.
– Не ви е добро?
– Не, јас сум добра. Можеби ќе ти звучи помалку чудно моеот прашање, но сакав да знам дали постои лек за…
– За што?
– Извини, Луис Анжел, но навистина ми е тешко да зборувам за ова.
– Јас сум лекар, Лукреција. Ние лекарите сме како свештеници. Разговорот ќе остане меѓу нас двајца, ветувам.
Ваквите зборови ја охрабрија Лукреција да го послужи отворено својот проблем.
– Се работи за мојата ќерка. Досега сигурно си слушнал дека Алис е…
– Лезбијка?, – праша Луис Анжел. – Да. На оваа фазенда дури и ѕидовите имаат уши.
– Сакав да знам дали постои лек за болеста која ја има мојата ќерка?

По разговорот кој го имаа, младиот лекар и Лукреција влегоа во собата на Алис. Кога нејзината мајка и кажа дека докторот сака да зборува со неа, Алис грубо праша за што.
– Сакам да зборуваме за начинот на живот кој го имате.- и појасни Луис Анжел.
– Тоа не е ваша работа, – дрско му одговори Алис, ставајки му до знање дека за неа тоа е крај на разговорот.
– Ќерко, те молам сослушај го докторот.
– Што си наумила овој пат, мајко?
– Само сакам да ти помогнам.
– Најдобро е да ме оставите насамо со Вашата ќерка, Лукреција.
Лукреција радо ја напушти собата. Знаеше дека ја остава Алис во способни раце. Алисиња посегна по своите цигари и по неколку пати неуспешно палење со чкорчето успеа да ја запали. Вавото однесување, ,малдиот доктор го гледаше како нервоза.
– Смирете се, Алис, само сакам да Ви помогнам.
– Јас не сакам да зборувам со вас.
– Не доаѓам овде како непријател. Вашата мајка ми кажа за проблемот и само сакам да Ви помогнам да останете двете заедно, овде на фазендата.
– Не гледам како.
– Многу едноставно. Со хипноза.

По разговорот со младиот лекар, Лукреција побрза да му ги соопшти добрите вести на Фаусто. Беше подготвена да стори се само даостане на фазендата, близу својата сакана ќерка.
– И како тој лекар без пракса ќе ја излечи твојата ќерка?- саркастично праша Фаусто.
– Ќе ја хипнотизира. Доктор Бара ми потврди дека постои огромна можност да ја излекува Алис.
– Изгледа дека не можеш да разбереш дека твојата ќерка е настрана, Лукреција.
– Науката е многу напредна во денешно време. Постои лек скоро за сите болести. Од тебе сакам само шанса. Шанса да ми дозволиш д аостанам на фазендата.
– Во ред. Ја имаш. Но, само една.
– Нема да зажалиш.
– Се надевам, бидејки во спротивно јас со моите раце ќе те истерам на улица!

Беше убава приквечерина. Сонцето го правеше небото црвено како оган, како крвта која пулсираше во вените на вљубената жена која беше подготвена да стори се за да не го загуби саканиот. Естер слезе од својата мазга пред колибата на Енцо.
– Сакам да зборуваме.
– Немам за што да зборуваме, – ја прекина тој во самиот старт. – Ти самата си кажа се што сакаше во твоето писмо.
– Не ми зборувај така, Енцо. Не со тој студен и презирен глас. Јас те љубам и ти го знаеш тоа. Ако направам нешто за да те заборави Елиса тоа ќе биде чекор за да бидеме заедно. А верувај, ќе сторам се што можам за да не те загубам, Енцо.

***

 

 

 

Јовица Крстевски | ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Научи ме да летам | Enseñame a Volar #055, 056

#55то продолжение                 Беше нешто по полноќ, кога лежеа голи на софата во …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!