Koга падна ноќта, густата магла се лепеше за ѕидините на хациендата, загушувајки ја светлината која доаѓаше од осветлениот салон. Фаусто инсистираше фамилијата да ја прослави веридбата на неговата ќерка. Дамите ги облекоа своите најсвечени фустани, а мажите ги облекоа своите фракови пред да слезат во трпезаријата. По вечерата, сите преминаа во салонот. Елиса и Луис Анжел заземаа место зад пијаното и почнаа заедно да свират. Фаусто веќе ја пиеше четвртата чашка виски и бараше уште.
ОДМАЗДА
љубов и смртна казна
Продолжение 81 – „Кога ќе заврши балот“
Koга падна ноќта, густата магла се лепеше за ѕидините на хациендата, загушувајки ја светлината која доаѓаше од осветлениот салон. Фаусто инсистираше фамилијата да ја прослави веридбата на неговата ќерка. Дамите ги облекоа своите најсвечени фустани, а мажите ги облекоа своите фракови пред да слезат во трпезаријата. По вечерата, сите преминаа во салонот. Елиса и Луис Анжел заземаа место зад пијаното и почнаа заедно да свират. Фаусто веќе ја пиеше четвртата чашка виски и бараше уште.
– Мислам дека доволно пиеше, Фаусто, – го прекори Естер, која седеше на каучот, потпрена на еден дрвен бастун кој го користеше за полесно движење по несреќата со коњот која ја имаше.
– Тоа е твое мислење, Естер. Ова ми е прва чаша.
– Петта е, – го потсети неговата сопруга.
– Не ми се допаѓаш ваква, Естер. Угледај се на Антониета, таа прави се што ќе и кажам без услови, – покажа на домарката која го служеше со виски и подмукло се смешкаше.
Ни самиот Фаусто не беше свесен колку и годеа таквите зборови.
– Рзбарав дека ова е Ваша забава по повод веридбата, но никаде не го гледам свршеникот, – помалку цинично, Луис Анжел ја задеваше Елиса откако завршија со мелодијата и пријдоа на чашка коктел.
– Енцо е многу вреден и станува рано. Сигурно веќе спие, – беше изговорот на Елиса. Не сакаше да биде искрена до крај и да признае дека Фаусто не го ни покани нејзиниот вереник.
– Сеуште не можам да се сетам зошто ми делува познато тој човек.
– Искрено не верувам дека го познавате. Енцо е од друг свет. Тој е посебен, – говореше Елиса полна со љубов.
– Тој човек е навистина среќен човек.
– Зошто?
– Бидејки го љубите, Елиса.
– Го љубам како никој друг претходно, – воздивна девојката и се врати назад кај пијаното.
Кога во просторијата одекна новата мелодија, Анибал пријде до Лукреција со чашка шери. Знаеше дека тоа и е омилен пијалок. Сакаше да ја развесели бидејки цела вечер немаше прозборено ниту збор. Но кога тој и го понуди пијалокот, таа го одби.
– Не знам што ти е сега. Тaтако се согласи да останеш на фазендата.
– Се надевам дека се ќе биде во ред. Ќе одам да легнам, се чуствувам изморено, – додаде таа и стана од софата. Откако им се извини на присутните ја напушти просторијата, посакувајки им добра ноќ.
Пред полноќ, Фаусто веќе одвај го држеа нозете. Естер ја замоли Антониета да го одведат во собата. Тетеравејки се по коридорите, закачан околу рамениците на двете жени, Фаусто успеа да дојде до својата соба и да легне на креветот.
– Сакаш ли да ти помогнам да го преслечеш, Естер?, – се понуди Антониета.
– Да, те молам, – се согласи Естер поради здравствени причини.
– Во последно време си многу тажна, – додаде Антониета додека ги слекуваше чевлите на господарот.
– Добро сум, – одговори кратко.
– Како можеш да трпиш се што се случува?
– На што целиш?
– На веридбата меѓу Елиса и Енцо, – директно одговори домарката.
– Тоа не е твоја работа. Те молам преслечи го, јас ќе одам да спијам, – одговори дрско и ја напушти собата.
Во салонот останаа само младите. Луис Анжел пушти грамофонска плоча со чарлстон, музика која беше експанзивно популарна на север, а полека го освојуваше и југот. Откако виде како сите се забавуваат, младиот човек пријде до Елиса и ја покани на танц.
– Луис Анжел, колку пати треба да Ви повторам дека јас сум верена?, – дрско го праша Елиса.
– Нема ништо лошо ако танцуваме.
– Единствена личност со која ќе танцувам до крајот на животот е Енцо. Благодарам.
– Луис Анжел, што велиш да го повотриме искуството од вчера?, – го праша Рикардо откако му пријде зад грб.
– Што зборувате?, – се замеша и Алис во дијалогот.
– Подобро да оставиме за друг ден, Рикардо.
– Не биди срамежлив, пријателе. Мораме да уживаме во моментот.
Луис Анжел погледна наоколу пред да ја извади плочката со кокаин која ја носеше во џебот. Алис ликуваше. Немаше видено дрога уште од кога беше доселена на фазендата.
– Што правите?, – ги праша Анибал, приоѓајки до пијаното каде што беа собрани.
– Сакаш ли да пробаш од ова чудо, брате?
– Што е тоа?
– Нешто што ќе те одведе во рајот, – одговори Алис пред да шмркне линија од прашокот.
– Дали ова штети?, – праша Елиса.
– Воопшто, – одговори нејзиниот брат пред да ја спушти главата на пијаното.
– Колку ми неодстасуваше ова, – како во екстаза прошепоте Алис, оближувајки ги прстите.
Додека младите беа собрани околу пијаното, во салонот влезе Моналиса, да праша дали е потребно да послужи уште нешто.
– Моналиса, пријди, – љубезно ја покани Рикардо. – Мораш да го пробаш ова.
– Не, не, јас служам.
– Моналиса, те молам, само кратко, – инсистираше Рикардо.
– Остави ја девојката ако не сака, Рикардо, – рече Луис Анжел.
– Да, Рикардо, не ја присилувај, – додаде и Анибал.
– Верувај ми, Моналиса, нема ништо лошо да ти биде, – упорно додаде Рикардо.
Естер ја облече својата ноќница и ја рапсушти својата долга плетенка пред огледалото во собата, кога слуша како некој тропа на вратата. Праша кој е и се огласи гласот на Антониета.
– Го преслече ли Фаусто, – ја праша откако влезе во собата.
– Да. Дојдов да ти кажам дека ако сакаш да се видиш со својот љубен, сега е моментот, – директно и без заобиколувања рече Антониета.
Естер почуствува кнедла во своето грло. Сакаше да каже нешто но како да немаше воздух. Дрскоста и директноста на Антониета ја шокира.
– Фаусто нема да се разбуди цела ноќ, – додаде домарката.
– Зошто го правиш ова, Антониета?
– Бидејки сакам да ми веруваш, Естер. Сигурна сум дека Енцо ќе биде пресреќен ако те види вечерва. Оди. Јас ќе ти го чувам грбот.
Силно и неконтролирано тропање на вратата во таа доба ја разбуди Марија Грација од сон. Се прашуваше кој ли би можел да биде, па го разбуди Антенор кој спиеше крај неа и двајцата појдоа кон влезната врата на бараката. На прагот стоеше Моналиса, испотена и одвај можеше да дојде до здив, во придружба на Луис Анжел.
– Фиља, што ти се случило, Мадона миа?
– Што и е на мојата ќерка?, – праша Антнор, оставајки го фенерот на масата.
– Ништо, само малку е вон себе, – објасни младиот лекар.
– Чуствувам дека ќе ми излезе срцето од градите, – Моналиса не можеше да го опише со зборови она што го чуствува. Седна на масата и почна длабоко да дише.
– Што се случило?
– Моналиса беше малку нервозна и јас…јас и дадов пилула, – пелтечеше докторот.
– Пилула?, – избувна Марија Грација. – Како си можел да и дадеш пилула, кога ние сме само на билки?!
– Најверојатно тоа е причината поради ваквата реакција на Моналиса, – беше одличен изговор за Луис Анжел. – Извинете ме и…добра ноќ, – додаде младиот лекар и ја напушти бараката.
Додека Марија Грација ја полнеше чашата со вода, Антенор посегна по пушката која висеше на клинец на ѕидот.
– Што правиш?
– Ова нема да остане вака, – низ заби процеди тој и ја напушти бараката.
Маглата беше се погуста и Луис Анжел одвај го наоѓаше патот кон фазендата. Слушна коњски топот зад себе и се заврте. Не можеше да види убаво кој е се додека коњаникот не пријде на одредена далечина. Беше црн мустанг а личноста на него носеше црна мантија со качулка преку главата.
Луис Анжел гледаше со страв во коњаникот. За миг помисли дека халуцинира како последица на дозата кокаин која ја имаше во своето тело. Но, еден истрел од огнено оружје го штрецна. Коњаникот побегна во спротивен правец.
– Зошто пукавте?, – го праша човекот чие лице одвај можеше да го види од маглата.
– Куршумот беше наменет за Вас, докторче, – одговори Антенор, грабнувајки го младичот за јаката од кошулата. – Не сакам никогаш повторно да ве видам во близина на мојат аќерка, дали сум јасен?
***
Јовица Крстевски | ТВ Пакет