Почетна / Телевизија / 24 Вести со нов главен уредник. Христов сменет!

24 Вести со нов главен уредник. Христов сменет!

 

Телевизијата 24 Вести која за кусо време стана популарна заради професионалната работа од пред некој ден има нов главен уредник, пишува Либертас.

 

 

Новинарката Богданка Кузевска е поставена за главен уредник, а Боби Христов кој реално даде голем придонес за етаблирањето на 24 Вести меѓу гледачите е вратен на позицијата новинар. Христов вели дека смената ја прифатил нормално и оти му се скратиле нервозите како главен. Од неодамна во 24 Вести за програмски директор беше поставен Зоран Иванов кој по отказот од Алфа јавно изјави дека го напушта новинарството и ги враќа сите награди што ги добил. Сепак, Иванов се предомисли и ја обавува функцијата програмски директор на 24 Вести.

 

 

| ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Доделени престижните ЕУ награди за истражувачко новинарство

Се доделија престижните награди за истражувачко новинарство 2024 година на која беа наградени најдобрите стории …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!