Почетна / МК Сцена / Отворен стариот театар во Скопје

Отворен стариот театар во Скопје

 

Се врати духот и сјајот на стариот скопски театар. Половина век по неговото уривање во катастрофалниот земјотрес, на неговите темели се издигна новата театарска зграда. Автентична на претходната, сама по себе претставува и музеј на богатото културно наследство но и сведок на театарската историја на овие простори. Објектот за кој низа генерации истакнати македонски актери сонуваа, стана реалност, јавува Сител.

 

 

МНТ ги има сите услови за работа. Духот на нашиот театар ќе се всели во овој објект. Во театарот има и музејски постојки во кои се изложени 5.000 предмети и документи. Голема посветеност, многу енергија и љубов, но и поддршка од граѓаните беше потребна да се воздигне овој објект. Стариот театар, според министерката за култура Канческа Милевска е место каде македонските актери од денеска ќе творат согласно највисоките светски стандарди.

Со изградбата на новиот театар интензивно ќе се продлабочат нашите врски со светските метрополи. Новата зграда на МНТ, според премиерот Груевски, претставува македонска културна престолнина. Во стариот театар во 1945 година за првпат се прозборе на македонски литературен јазик. Новиот театар е позициониран на левиот брег на Вардар. Се простира на површина од над 7.000 метри квадратни, а во него има една голема сала со капацитет од 724 седишта, и мала сала со 213 места.

 

 

 

 

| ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Видео | „Негде после два“, нов дует на Пајак со Елвир Мекиќ

На големо задоволство на сите љубители на македонската поп сцена, периодот сведоци сме на еден …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!