По бројните шпекулации зошто го прекинала снимањето на една од најпопуларните турски серии, „Величествениот“, и се вратила во Германија, се огласи самата Мерјем Узерли.
Таа, моментално се наоѓа во психијатриска установа и од таму им се обратила на своите фанови, преку многу емотивна порака.
„Драги пријатели, ова е прв ден да се чувствувам малку подобро, а во процесот на лечење најтешките денови се зад мене. Најголем подарок ми е тоа што можам да бидам на свеж воздух. Искрено ви благодарам што ми посакувате најдобро, тоа навистина ми значи. Сепак, многу луѓе не знаат што точно ми се случува и затоа ме осудуваат“, е дел од исповедот на убавата црвенокоса актерка.
„За мене ова е само една фаза во животот, сепак сме луѓе. Ќе се вратам многу посилна по се’ ова што ми се случи. Најважно е моето лечење да го води еден од најпознатите психоијатри, бидејќи тоа е голема надеж дека ќе ја вратам мојата енергија. Најважно е што сум жива. Морам многу да се одморам и се надевам дека ќе ме разберете“, додава Хурем.
| ТВ Пакет