Актерот Себастијан Лихарде во ексклузивно интервју за еден мексикански магазин откри дека е хомосексуалец и оти се гордее со тоа. Тој ќе влезе во брак со својот партнер, кој неговото срце го освоил уште пред две децении.
Фановите на латино-американските серии овој актер го гледаа во теленовели како „Кога ќе бидеш моја“, „Саломе“ и други. Во последните години тој се посвети на потрагата по млади актерски таленти. Вилијам Леви, Маријана Торес, Хулијан Хил и Џенкарлос Канела се дел од актерите кои на Лихарде му го должат она што го научиле. Но, дали публиката ја поддржува оваа негова одлука јавно да зборува за своето сексуална ориентација?
| ТВ Пакет