Почетна / Вебновела / Одмазда – љубов и смртна казна (82. продолжение)

Одмазда – љубов и смртна казна (82. продолжение)

Силно и неконтролирано тропање на вратата во таа доба ја разбуди Марија Грација од сон. Се прашуваше кој ли би можел да биде, па го разбуди Антенор кој спиеше крај неа и двајцата појдоа кон влезната врата на бараката. На прагот стоеше Моналиса, испотена и одвај можеше да дојде до здив, во придружба на Луис Анжел.
– Фиља, што ти се случило, Мадона миа?
– Што и е на мојата ќерка?, – праша Антнор, оставајки го фенерот на масата.
– Ништо, само малку е вон себе, – објасни младиот лекар.
– Чуствувам дека ќе ми излезе срцето од градите, – Моналиса не можеше да го опише со зборови она што го чуствува. Седна на масата и почна длабоко да дише.

 

 
ОДМАЗДА
љубов и смртна казна 

Продолжение 82 – „Антониета – сојузник на љубовта на Енцо и Естер“

 
Силно и неконтролирано тропање на вратата во таа доба ја разбуди Марија Грација од сон. Се прашуваше кој ли би можел да биде, па го разбуди Антенор кој спиеше крај неа и двајцата појдоа кон влезната врата на бараката. На прагот стоеше Моналиса, испотена и одвај можеше да дојде до здив, во придружба на Луис Анжел.
– Фиља, што ти се случило, Мадона миа?
– Што и е на мојата ќерка?, – праша Антнор, оставајки го фенерот на масата.
– Ништо, само малку е вон себе, – објасни младиот лекар.
– Чуствувам дека ќе ми излезе срцето од градите, – Моналиса не можеше да го опише со зборови она што го чуствува. Седна на масата и почна длабоко да дише.
– Што се случило?
– Моналиса беше малку нервозна и јас…јас и дадов пилула, – пелтечеше докторот.
– Пилула?, – избувна Марија Грација. – Како си можел да и дадеш пилула, кога ние сме само на билки?!
– Најверојатно тоа е причината поради ваквата реакција на Моналиса, – беше одличен изговор за Луис Анжел. – Извинете ме и…добра ноќ, – додаде младиот лекар и ја напушти бараката.
Додека Марија Грација ја полнеше чашата со вода, Антенор посегна по пушката која висеше на клинец на ѕидот.
– Што правиш?
– Ова нема да остане вака, – низ заби процеди тој и ја напушти бараката.

Маглата беше се погуста и Луис Анжел одвај го наоѓаше патот кон фазендата. Слушна коњски топот зад себе и се заврте. Не можеше да види убаво кој е се додека коњаникот не пријде на одредена далечина. Беше црн мустанг а личноста на него носеше црна мантија со качулка преку главата.
Луис Анжел гледаше со страв во коњаникот. За миг помисли дека халуцинира како последица на дозата кокаин која ја имаше во своето тело. Но, еден истрел од огнено оружје го штрецна. Коњаникот побегна во спротивен правец.
– Зошто пукавте?, – го праша човекот чие лице одвај можеше да го види од маглата.
– Куршумот беше наменет за Вас, докторче, – одговори Антенор, грабнувајки го младичот за јаката од кошулата. – Не сакам никогаш повторно да ве видам во близина на мојат аќерка, дали сум јасен?

Очните капаци полека го предаваа, но Енцо не сакаше да запсие се додека не ја прочита и последната глава од книгата која го оставаше без сон. Така внесен во четивото речиси и да не изреагира кога некој затропа на дрвената врата од колибата. Го имаше загубено чуството за време и не знаеше дека веќе поминало полноќ. Кога ја отвори вратата таа стоеше пред него. Убава како секогаш. Со црн мантил на себе и нејзините зелени очи како два топаса во ноќта. Ја извади качулката од главата и влезе во просторијата. Беше премногу ладно за да стои надвор.
– Што бараш тука, Естер?
– Ако сакаш доказ дека сум вљубена во тебе, сакам да знаеш дека сум подготвена на се, – му рече во еден здив, ги стави рацете околу неговата глава и страсно го бакна.

Новиот ден беше светол и без облаци ни магла, а небото создадено од најчисто синило изгледаше како повеќе да го шири бескрајниот пејсаж. Дуваше свеж ветер од правец на реката. Седејки на верандата, Антониета ја забележа фигурата на Естер на својот црн мустанг. Ја остави шољата со мате и слезе по скалите на верандата за да и помогне на госпоѓата да го собере животното.
– Токму на време, – рече откако и подаде рака да слезе. – Дон Фаусто сеуште не е разбуден.
– Знам зошто го правиш ова Антониета.
– Што правам?
– Ми помагаш. Ти си вљубена во Фаусто. Биди искрена со мене, Антониета. Сега знам зошто сакаш да ми помогнеш.
– Тоа го правам за твоја среќа.
– Не, тоа го правиш за своја среќа, Антониета. Биди искрена со мене.
– Во ред, – на крајот призна вртејки ја главата. Гледаше кон пампата бидејки немаше храброст да ја гледа својата господарка во очи. – Да, вљубена сум во твојот маж.
– Значи, твојата тајна љубов не е Антенор како што еднаш ми кажа, туку Фаусто?!
– Да. Не знаеш колку ми е срам.
– Дали некогаш имало нешто меѓу вас?
– Не, никогаш. Фаусто те љуби само тебе.
– Не знам дали тој човек е способен да љуби било кого. Ќе одам во мојата соба да се преслечам.
– Ти треба нешто?
– Не, благодарам.

По првата сеанса која ја имаше со својата нова пациентка, младиот лекар Луис Анжел ја посети Лукреција во нејзината соба на катот.
– Проблемот со Алисиња е покомплициран одошто мислев. Проблемот е во вас, госпоѓо.
– Јас и Алисиња никогаш не сме имале добар однос, ако мислите на тоа…
– Дали чуствувате вина поради тоа?
– Јас секогаш давав се од себе за да бидам добра мајка…
– Вашата ќерка не го дели вашето мислење. Алисиња смета дека Вашиот сопруг, нејзиниот татко умрел од жал верувајки дека го изневерувате со друг маж. Помлад маж.
– Не сакам да зборувам за моето минато, – нервозно рече Лукреција и запали цигара.
– Не грижете се, госпоѓо. Јас сум лекар и поради етика нема да кажам ништо од она што ми го кажа Алисиња додека беше хипнотизирана.
– Мене ме интересира дали има лек за болеста на мојата ќерка?
– Пред се, Вие морате да и се приближите на вашата ќерка.
– И што да и речам, Луис Анжел?
– Смеам ли да ве прашам нешто, госпоѓо Лукреција? Дали сеуште постои мажот за кој ми зборува вашата ќерка?
– Нема да ви одговорам на тоа прашање. Сега извинете, но сакам да се подготвам за појадок.

***
– Мојот татко никогаш не можел ни да сонува дека на оваа земја лежи злато, – рече Фаусто, за време на утринската обиколка која ја имаше со својот помлад син Рикардо и Енцо.
– Вистината е тоа дека дедо немаше добар осет за бизнис, – додаде Рикардо.
– Повеќе почит за мојот татко, Рикардо. Твојот дедо Ињаки беше голем човек. Ти би требало да го земеш за пример.
– Да, татко.
– Дали си среќен, Енцо?, – погледна во својот партнер кој беше молчелив како и по обичај. – Денес е голем ден за тебе.
– Да, вашиот син ми спомна за некој човек од селото кој ќе соработува со нас.
– Да, се работи за еден почитуван и богат човек, – потврди Фаусто.
– Искрено, мене не ми се допаѓа таквата идеја.
– Зошто?
– Затоа што не сакам да соработувам со луѓе кои не ги познавам и не ми влеваат доверба.
– Ќе зборуваме на таа тема подоцна, Енцо. Да одиме сега да најдеме купувач за нашето злато, – додаде Фаусто и се упати кон патот кој водеше до селото.

***

 

 

 

Јовица Крстевски | ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Научи ме да летам | Enseñame a Volar #055, 056

#55то продолжение                 Беше нешто по полноќ, кога лежеа голи на софата во …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!