Под врелото сонце, кочијашот на Темпестад ги водеше Фаусто, Енцо и Рикардо кон градот каде што требаше да се продаде ископаното злато, кое го носеа во еден сандак на задното седиште од кочијата.
– Има уште доста додека да стигнеме до Пирапора, – Рикардо беше оној кој го прекина непријатниот молк кој владееше меѓу тројцата.
– Кога сме веќе во градот, сериозно сметам дека треба да си отвориш сметка во банка, Енцо, – му предложи Фаусто.
– Не знам дали сакам мојот живот да се промени толку, – искрено призна италијанецот.
– Твојот живот во секој случај ќе се промени кога ќе се ожениш за мојата сестра, – се пошегува Рикардо, но беше единствениот кој се насмевна на ваквата шала.
Се слушна истрел, па уште еден. Неколку истрели од огнено оружје по ред. Топот на коњски потковици по сувиот пат. Десетина вооружени мажи на своите коњи ја обиколија кочијата. Енцо и Фаусто се фатија за појасите по своите оружја, но им беше заповедано истите тие да ги фрлат и да излезат од кочијата.
ОДМАЗДА
љубов и смртна казна
Продолжение 83 – „Паронијата на Фаусто“
Под врелото сонце, кочијашот на Темпестад ги водеше Фаусто, Енцо и Рикардо кон градот каде што требаше да се продаде ископаното злато, кое го носеа во еден сандак на задното седиште од кочијата.
– Има уште доста додека да стигнеме до Пирапора, – Рикардо беше оној кој го прекина непријатниот молк кој владееше меѓу тројцата.
– Кога сме веќе во градот, сериозно сметам дека треба да си отвориш сметка во банка, Енцо, – му предложи Фаусто.
– Не знам дали сакам мојот живот да се промени толку, – искрено призна италијанецот.
– Твојот живот во секој случај ќе се промени кога ќе се ожениш за мојата сестра, – се пошегува Рикардо, но беше единствениот кој се насмевна на ваквата шала.
Се слушна истрел, па уште еден. Неколку истрели од огнено оружје по ред. Топот на коњски потковици по сувиот пат. Десетина вооружени мажи на своите коњи ја обиколија кочијата. Енцо и Фаусто се фатија за појасите по своите оружја, но им беше заповедано истите тие да ги фрлат и да излезат од кочијата.
Кога Елиса се врати од прошетката, ја затекна својата мајка во салонот како везе гоблен, додека Моналиса ја слуежеше со мате.
– Не знаеш колку ме радува што го промени мислењето, мајко и што го шиеш мојот чејз, – рече девојката седнувајки на софата до својата мајка. – Освен тоа, среќна сум што Енцо и татко почнаа да се согласуваат. Никогаш не верував дека ќе дојде до тоа.
– Татко ти и Енцо се партнери, мораат да се согласуваат добро, – помалку дрско и одговори Естер, не подигнувајки го погледот од гобленот.
– Да, но сега кога Енцо ќе биде дел од фамилијат аќе бидат повеќе од партнери.
Се слушна бучава од коридорот и двете жени изрипаа од софата д авидат за што станува збор. Рикардо, Фаусто и Енцо влегоа во салонот со помали телесни повреди.
– Што се случи?, – крикнаа Елиса и Естер во еден глас.
– Не нападнаа друмски разбојници на патот, – одговори Енцо.
Естер гледаше во својот љубовник и посака за момент да го прегрне силно, да му ги залечи нанесените повреди со мелем и бакнежи, но се што можеше да направи е да се заблагодари на Бога што е добар.
Фаусто ја преслече раскинатата кошула во бањата, кога по него влезе неговиот помлад син и му нареди да ја затвори вратата.
– Се излезе онака како што планиравме, – рече Рикардо.
– Да, но тие луѓе немаше потреба да си ја сфатат улогата толку сериозно, – додаде Фаусто, жалејки се на некулкуте повреди кои му ги нанесоа.
– Те боли многу?
– Верувај ми, синко, болката не е ни малку важна како сето злато кое сега е наше, синко.
Густата шума беше местото каде што требаше да се направи замената. Водачот на разбојниците кои го имаше исценирано целиот напад од тоа претпладне, се најде со Фаусто и Рикардо под густите багремови гранки, во близина на Темпестад. Единствено во ноќта светкаа очите на тројцата мажи, факелите кои ги носеа в рака и катанецот од ковчегот со злато.
– И покрај тоа што се истуривте врз мене, ти и твоите луѓе завршивте одлична работа, – рече Фаусто.
– Благодарам, газда.
– Сега сакам да го придружуваш мојот син Рикардо до градот каде што ќе го продаде златото онака како што се договоривме. Продади го златото во Пирапора и врати се на Темпестад најбрзо што можеш, пред да почне да се сомнева некој.
Првите утрински часови минуваа споро. Сонцето, на почетокот срамежливо, почна да ги позлатува полињата. Есенските утра на пампата беа прилично студени па огништето на фазендата остана да тлее цела ноќ. Антенор запали цигара од пламенот оган кој гореше пред шталата. Ги загреа рацете протрљувајки ги една од друга. Наоколу беше студено и магловито а веќе требаше да замине на соседната фазенда Моро Алто за да ја продаде стоката. Преку пампата го забележа својот господар. Додека се прашуваше каде Фаусто оди толку рано, господарот веќе влезе во капелата од спротива.
Претходната ноќ, додека оганот гореше во каминот, фазендата изгледаше како и секоја друга. Доаѓаше зима а студените утра беа нешто на што не беа навикнати домашните. Лукреција запали цигара, додека Естер и Елиса заедно работеа на гобленот. Алисиња разлистуваше списание на клацкалката, додека Кристина ги служеше со топол чај од чајникот и пченкарни колачиња.
Во меѓувреме, Фаусто со голо торзно клечеше пред распетието во капелата, со молитвеникот околу левата рака, барајки од Бога прошка за сторениот грев, кога пред себе како низ магла го забележа својот покон татко. Ињаки Катењон го имаше оној прекорен поглед кој го имаше кога малиот Фаусто ќе направеше некоја лудорија.
– Ти си крадец, Фаусто! Дали си свесен за големината на твоите дела? Како можеше да го земеш она што не ти припаѓа?
Фаусто ги стави дланките преку своите уши. Не, мора да сонува, ова не може да е вистина, помислуваше.
– Тоа злато ни припаѓа нам, на Катсењон!, – се бранеше од нападите на својот татко.
– Тоа злато му припаѓа на мојот син Енцо!
– Не! Остави ме сам, не сакам да слушам повеќе! Остави ме сам! Ти си виновен што ја остави земјата на тие бедни италијанци! Остави ме сам! Оди си!
Во моментот кога Фаусто се бранеше од нападите на својот татко, во капелата влезе Луис Анжел, запрепастен од глетката. Полугол Фаусто стоеше покрај олтарот зборувајки самиот со себе.
– Фаусто, што се случува? Со кого зборувате?
Со она што остана од чајот и пченкарните колачиња, Кристина го послужи својот брат Енцо во кујната, кој делуваше како да не можел да запсие цела ноќ.
– Најмногу од се ме загрижува тоа што немам со што да ги платам моите луѓе.
– И не мислиш ли дека можеби некој од нив те предал?, – го праша Крситина.
– Не, не верувам. Повеќе им верувам на моите луѓе одошто на Фаусто. Не знам како сега ќе го решам овој проблем, сорела.
Без размислување, Кристина извади грст пари од џебот на кецелата и ги остави пред својот брат. Енцо со неверување гледаше во парите па во својата сестра.
– И од каде ти се тебе овие пари?
– Чудата се споменуваат но не и сторителот, – одговори таа посегнувајки по својата шоља со чај.
– Не ми вели дека си се вратила во борделот на тетка Кармен, Кристина.
– Не, Енцо, ова е мојата заштеда. Не грижи се. Знам дека ќе ми ги вратиш кога ќе можеш. Мораш да ги изплатиш тие луѓе кои безусловно работеа со тебе при ископувањето на златото.
– Ти благодарам, – од сето срце рече тој, земајки ја нејзината рака во својата.
Луис Анжел беше шокиран од глетката во капелата. Под сводот на икони и свеќи, згрчено стоеше Господарот, без кошула на себе како да се брани од некоја виша сила која го кудеше.
– Излегувај одовде, остави ме сам!, – повторуваше Фаусто во бунило.
– Смирете се, дон Фаусто, овде нема никој!
– Пушти ме, не сакам да те видам, предавнику!
– Дон Фаусто, тоа сум јас, Луис Анжел.
Фаусто погледна околу себе со преплашен поглед. Вилицат аму се тресеше а рацете му трпереа.
– Си замина, си замина, – повторуваше.
– За кого зборувате?
– Оди си, сакам да сум сам! Оди си!, – го истурка од капелата и се врати назад пред олтарот. Со левата рака го држеше молитвеникот а со десната посегна по камшикот и пчна да се замоказнува.
Избезумен од она што го виде, Луис Анжел се врати на фазендата, каде што ја сретна Антониета.
– Што се случило, од каде доаѓате?, – го праша домарката, свесна дека нешто не е во ред судејки по неговиот поглед.
– Фаусто…Фаусто не е добар. Седи сам во капелата и зборува со себеси…
– Тој не зборува со себеси, – во еден здив му призна Антониета.
– Тогаш со кого зборува?, – нештата му стануваа уште помалку јасни. – Ако знаете нешто сакам да ми кажете, Антониета. Можеби ќе знам да му помогнам.
– Фаусто го гледа својот татко…
– Неговиот мртов татко?
– Тоа е се што можам да Ви кажам. Ве молам, ако можете да му помогнете, сторете го тоа. Не сакам да го гледам како страда. Сега извинете ме, морам да го надгелдувам појадокот, – додаде Антониета и се упати кон трпезаријата.
Луис Анжел седна на софата. Не можеше да поверува во она што го виде ниту во она што го слушна.
– Овде се сите луди, – беше неговиот заклучок.
Кога Енцо ја отвори вратата од колибата, на неговото лице се развлече широка насмевка. Пред него стоеше Естер, како најтоплиот сончев зрак. Ја пушти внатре и ја прегрна силно пред да и украде бакнеж. Му беше мило што ја гледа.
– Од каде ти овде?, – ја праша.
– Одам кон селото и го искористив моментот да те посетам.
– Знаеш дека е ризично, можел да те види некој.
– Морав да знам како си. Бидејки сношти не можев да те прашам.
– Добро сум. Но, имам толку сомнежи во глава. Мојат асестра мисли дека можеби е местенка од некои од моите вработени.
– И што мислиш ти?
– Кого подобро ќе размислам, веројатноста да е така не е невозможна.
– И не помсили ли дека можеби самиот Фаусто е вмешан во нападот?, – отворено го праша таа.
– Дали се сомневаш во твојот сопруг?
– Да. Голема е веројатноста Фасуто да го исценирал нападот и крадењето на златото.
***
ОДМАЗДА
љубов и смртна казна
Продолжение 84 – „Казна и Грев“
Кога Рикардо се врати на фазендата со торба полна пари, се затвори во својата соба, откако претходно провери дали воздухот е чист, па ги истури сите пари на каучот, додека зениците му светкаа во полн сјај. Никогаш во животот немаше видено толку многу пари на едно место. Одеднаш вратата се отвори и почуствува како срцето да престана да му чука за момент.
– Од каде ти се тие пари, Рикардо?
Анибал стоеше до креветот и не можеше да се изнагледа во куповите пари кои неговиот помал брат ги имаше.
– Мојата заштеда, – беше првата лага на која се досети.
– Те молам, Рикардо, ти во животот немаш заштедено пари. Сакам да знам од каде ти се толку многу пари?
– Во ред, во ред…Ова се дел од парите кои ги добивме во замена за златото, брате.
– Зарем не ве нападнаа?
– Не, брате, никој не не нападна. Јас и татко исцениравме се. Јас и татко испланиравме да му го земем златото на Енцо.
Анибал остана да стои со подотоврена уста.
Како што повеќе размислуваше, така идејата дека Фаусто го исценирал нападот беше се поприфатлива за Енцо.
– Искрено, не ни помислив на таа можност, – и призна на Естер.
– Можеби го сокрил златото на Темпестад, – додаде таа како можност.
– Кажи ми, Естер, знаеш ли нешто што јас не знам?
– Не, тоа е само мое претчуство.
Се слушна тропање на дрвената врата.
– Кој е?, – праша Енцоод внатре.
– Луис Анжел Бара, пријател на фамилијата Кастењон.Сакам да разговарам со Вас, Енцо.
– Тоа е Луис Анжел, пријател на мојот син Рикардо, не смее да ме види овде, – во паника крикна Естер.
– Само момент, – гласно извика Енцо давајки си на време да ја сокрие Естер во собата.
– Извинете што доаѓам без најава, – рече младичот кога беше пуштен во колибата. – На фазендата ми кажаа како да дојдам до овде.
– На што се должи вашата посета?
– Ќе бидам искрен со Вас, Енцо. Откако ве видов на фазендата, вашиот лик ми беше многу познат. Бев сигурен дека Ве познавам од претходно. Вие бевте лидер на групата анархисти кои го нападнаа сопственикот на рудникот на Север.
Естер која стоеше зад затворената врата, широко ги отвори очите кога ја слушна изјавата на младиот лекар.
– Не, грешите, – се бранеше Енцо.
– Не е можно, Енцо. Мојот татко работеше таму, знам што зборувам, освен тоа, ја видов Вашата фотографија во весникот.
– Имам многу работа и ќе Ве замолам да ме оставите, – нервозно рече Енцо, покажувајки му ја отворената врата на младиот лекар.
– Енцо, сослушајте ме, Ве молам. Јас не дојдов да Ви судам. Само сакав да констатирам дали сте Вие или не. Јас сум секогаш на страната на работниците, Ви давам чесен збор.
– Момче, Ве молам…Во моемнтов имам други грижи и Ве замолувам да си одите.
Луис Анжел направи чекор кон вратата, кога на софата забележа женска шапка во боја на топаз. Немаше сомнеж чија е шапката бидејки многу пати ја имаше видено Естер Катсењон со истата на глава.
– Нашиот разговор не завршува овде, Енцо. Јас морам да зборувам со Вас, – додаде Луис Анжел и ја напушти колибата.
Кога останаа сами, Естер излезе од собата. Погледот и беше полн со осуда. Сепрашуваше што ли уште ќе дознае за тој човек.
– Дали е вистина она што го вели Луис Анжел?
– Естер, те молам, дозволи ми да ти објаснам…
– Дали е вистина дека си замешан во атентат?
– Јас не сум замешан во ничиј атентат, Естер. Нештата не се прецизни како што кажа младичот.
– Тогаш, те слушам. Сакам да ми ја кажеш вистината, Енцо. Само вистината.
– Јас припаѓав во една група која ги штитеше правата на работниците. Нештата излегоа од контрола и за жал имаше невини жртви. Групата која ја водев изврши напад вон мое знаење.
– Не ти верувам. Жалам, но не ти верувам Енцо. Ако нешто не толелирам тоа е лагата.
Полн со осуда и бес, по разговорот кој го имаше со својот брат и шокантното признание дека тие се виновни за нападот на Енцо, Анибал влезе во студиото на својот татко каде што го прекори за стореното.
– Како се осмелуваш да ми се обраќаш со таков тон, Анибал?!
– Ти и Рикардо сте направиле злосторство, татко.
– Нема да дозволам еден беден италијанец како Енцо да ни го земе она што е наше. Нека ти влезе еднаш засекогаш во глава, Анибал.
– Изгледа погрешив во врска со тебе, тетко…
– Што сакаш да кажеш со тоа?
– Мислев дека си човек за пример, татко, но сега гледам дека си само обичен крадец.
Силна шлаканица одекна во просторијата како знак да го замолчи својот син. Како и секогаш, Фаусто Кастењон не можеше да остане накажан.
По разговорот со својот постар син, фаусто го зграпчи својот помлад син Рикардо и го довлече до капелата во дворот.
– Татко, зошто ми го правиш ова?
Рикардо не можеше да разбере од каде наглата промена кај татко си. Имаше направено се што беш епобарано од него, а сега ова?!
– Соблечи ја кошулата, – му нареди Фаусто.
– Јас ништо не му кажав на Анибал, се колнам во најсветото.
– Не се колни лажно, проклетнику! Денес направи два грева! Ме изневери мене и ме издаде на првиот што стигна.
– Анибал ме фати со парите во собата, немав што друго да му кажам…
– Немаш изговор за предаството, Рикардо. Единствено ти преостанува да се молиш и да бараш грев од Исус Христос! Земи, – му го врачи камшикот за самоказнување.
– Нема да излезеш одовде додека не се искупиш за сите твои гревови. Предаството на родениот татко е најголемиот грев, – на крајот низ заби процеди Фаусто пред да излезе од капелата и да ја заклучи вратата со металниот клуч.
Остана да стои потпрен до вратата за да слушне како неговиот син се искупува за своите гревови. Слушна удирање на камшикот и болен крик, повторно и повторно. Се смешкаше задоволно. Сметаше дека конечно го научил и помладиот син да се искупи за гревовите, но Фаусто не беше ни свесен колку е прелажан. Наместо своето голо торзно, Рикардо со камшикот удираше по распетието на Христос, испуштајки лажни крици на болка за да ги увери љубопитните уши на својот татко дека вистински страда. Но, Фаусто беше човек кој не веруваше ниту на сопствената сенка. Се врати назад во капелата и го затекна својот син како го камшикува распетието. Рикардо беше свесен што следува и само се згрчи пред олтарот, молејки да не биде повреден.
– Татко, те молам, знаеш дека јас не верувам во овие нешта!
– Како можеш да ме лажеш и мене и Бога, невернику?!
Рикардо се обиде да побегне, но Фаусто го грабна со своите силни раце и го турна во сакристијата, го зеде камшикот и безмилосно почна да го камшикува телото на својот син. Црвената крв на момчето ги извалка иконите во близина, додека Господарот безмилосрдно ја раздвојуваше кожата на родениот син, оставајки длабоки рани и неиздржлива бол.
Естер ги редеше продуктите на полиците во својата бакалница чие отварање требаше да биде скоро, кога слушна како некој ја отвара вратата и се заврте. Луси Анжел ја извади шапката од својата глава и срдечно ја поздрави.
– Луис Анжел, од каде ти тука?
– Сакав да зборувам со Вас. Ми се допаѓа како сте ја средиле продавницата, ви посакувам голем успех…
– Благодарам.
– Да бидам искрен, не сум тука да зборуваме продавницата, госпоѓо. Сеуште го помнам нашиот разговор за Елиса, но чинам не бевте сосема искрена.
– Не те разбирам…
– Простете што се мешам, но, што има помеѓу Вас и Енцо Анџели?
Јовица Крстевски | ТВ Пакет