Почетна / Вебновела / Одмазда – љубов и смртна казна 89 и 90

Одмазда – љубов и смртна казна 89 и 90

 

 
Есента беше длабоко навлезена, дуваше слаб поветрец кој ги лулаше крошните на дрвјата и по пампата го ширеше мирисот на доцна есен. Беше време како и секоја година на крајот од жетвата да се прослави на големо – успешно завршената работа. Растенијата со кафе беа празни на садилниците, целото зелено злато беше складирано во врќи во амбарите, чекајки го наредниот воз за да се транспортира во големите градови и да се продаде и обработи. По повод прославата, на фазендата беа дојдени гости од Соединетите држави, гринговци индустиријалци кои беа заинтересирани за купување на кафето. Фаусто ги пречека како прав домаќин. Фазендата Темпестад беше во хаос целиот тој ден. Девојките ги редеа знаменцата околу целата куќа, Алисиња и Елиса правеа букети од полски цветови. Пред куќата беа наредени долги маси прекриени со бели чаршафи. Од кујната допираше мирисот на печено месо, пеоните правеа врева во летната кујна каде што на скара печеа ребра, пилешко и јагнешко месо. Во кујната, жените ги завршуваа салатите или редеа колачиња во кристални здели, додека Марија Грација декорираше со своите спретни раце.

 

 

ОДМАЗДА
љубов и смртна казна 

Продолжение 89 – „Жетва“

 
Есента беше длабоко навлезена, дуваше слаб поветрец кој ги лулаше крошните на дрвјата и по пампата го ширеше мирисот на доцна есен. Беше време како и секоја година на крајот од жетвата да се прослави на големо – успешно завршената работа. Растенијата со кафе беа празни на садилниците, целото зелено злато беше складирано во врќи во амбарите, чекајки го наредниот воз за да се транспортира во големите градови и да се продаде и обработи. По повод прославата, на фазендата беа дојдени гости од Соединетите држави, гринговци индустиријалци кои беа заинтересирани за купување на кафето. Фаусто ги пречека како прав домаќин. Фазендата Темпестад беше во хаос целиот тој ден. Девојките ги редеа знаменцата околу целата куќа, Алисиња и Елиса правеа букети од полски цветови. Пред куќата беа наредени долги маси прекриени со бели чаршафи. Од кујната допираше мирисот на печено месо, пеоните правеа врева во летната кујна каде што на скара печеа ребра, пилешко и јагнешко месо. Во кујната, жените ги завршуваа салатите или редеа колачиња во кристални здели, додека Марија Грација декорираше со своите спретни раце.
Гостите почнаа да доаѓаат пред зајдисонце. Блиски и далечни пријатели, роднини и соседи.
Двајцата американци Џон Браун и Ендру Смит, едниот на своие педесет и пет години, а другиот во раните триесети, облечени како прави господа со своето аристократско држење пријдоа до Фаусто кој им посака добредојде.
– Имате преубав имот, мистер Кастењон, – рече Џон гледајки околу себе.
– И денот е преубав, – се надоврза помладиот индустријалец. – Како одбран за ваква фиеста. И каде е госпоѓата?
– Внатре е се подготвува. Ги знаете жените, мораат да блескаат на вакви настани. Запознајте се со мојот добар пријател и сосед, Инасио де Оливеира Грималди, сопственик на хациендата Салсо, производител на суво месо.
Џон и Ендру го поздравија Инасио.
– Денес ќе имаме добра фиеста, пријатели, – рече сопстевникот на Салсо кога во далечина се слушнаа првите звуци на инструментите.
– Музичарите се нетрпеливи, – рече Фаусто. – По благословот од отецот Балдо и скарата ќе имаме добра музика.
Погледна околу. Дворот на неговата фазенда полека се исполнуваше. Дамите носеа свечени тоалети а господата носеа фракови и дрвени бастуми. Ова беше одлична завршница на една успешна жетва, помисли задоволно.

Анибал влезе во собата на Лукреција, која шеташе низ просторијата како дива ѕверка која не ја држи место.
– Зошто не слезеш долу на забавата?, – ја праша, приоѓајки и. Под сводот на пламенот од свеќите, нејзината кожа делуваше уште помазна и поубава.
– Не сакам да го видам ни на слика оној монструм од твој татко, а уште помалку да бидам дел од неговата забава.
– Жалам што татко те држи затворена на оваа фазенда како робинка, но од друга страна ме радува тоа што си ми близу.
Таа се насмевна. Неговите зборови по кој знае кој пат и го мекнеа срцето. Доволно беше да погледне во неговите ангелски очи за да се потсети колку го љуби.
– Ти си ми најубавото нешто што го доживеав на оваа фазенда, – прошепоте таа во занес, барајки му ги усните. Ниту едниот од нив не беше свесен дека на прагот од вратата стои Фаусто, барајки одговор за страсниот бакнеж.
Крвта на Лукреција и Анибал беше заледена.

Забавата беше во полн ек. Ноќта веќе длабоко го беше фрлила својот црн превез. Одекнуваше песна од сите страни на фазендата. Литри црвено вино се точеше од секаде, се јадеше и пиеше како да е последно.
Енцо се прикраде како крадец покрај оградата. Ги заврза уздите на својот коњ на еден храстов корен и ја прекри својата глава со шапка. Погледна низ капијата. Чуварот точеше вино од бочвата, кучињата лаеа, се слушаше хармоника, врева, џагор…
Претходно во текот на денот и беше предал писмо на својата внука Моналиса, каде што ја известуваше својата сакана Естер дека ќе ја посети пред полноќ.
Таа го чекаше својот љубен во спалната соба. Нејзиниот италијанец. Му даде изговор на Фаусто дека е изморена и дека сака да легне. Годините наназад покажуваа дека забавите по повод жетвата траат до утринските часови.
Тој се искраде помеѓу толпата и тремот се искачи на балконот од нејзината соба.
Го гледаше нејзиниот одраз во огледалото. Беше толку чиста и преубава, како ангел во белата ноќница. Се прашуваше дали Моналиса и го предала писмото? Дали се дотерала за него? Дали ја мириса својата кожа за да му биде нему мирисна?
– Те чекав, – прошепоте таа нежно, гледајки го преку одразот на огледалото.

Вилицата на Фаусто се тресеше од гнев гледајки како неговиот син ја љуби таа жена. Анибал застана пред Лукреција, штитејки го нејзинотот тело со своето. Можеше да претпостави до каде може да оди тој.
– Татко, смири се, можам да ти објаснам се…
– Сега ми е јасно. Лукреција е постарата жена во која беше вљубен.
Нештата полека почнаа да имаат смисла.
– Сеуште сум вљубен во неа, – Анибал имаше потреба да се изјасни.
– Од кога сте љубовници?
– Анибал, те молам, остави ме јас да зборувам со твојот татко, – рече Лукреција.
– Не, – одби тој, па реши да му одговори на својот татко; – Откако Лукреција дојде на Темпестад!
– Ова е нечуено! Како можеш тоа да и го правиш на твојата ќерка, жено без морал?
– Алисиња знае,- призна Лукреција.
– Боже мој, како можеше да дозволиш ваков грев, вакво богохулие под мојот покрив?
Вилицата на Фаусто се тресеше од бес.
– Не е грев кога се работи за љубов. Лукреција е жената која ја љубам, татко!
– Не, Лукреција е грешница, ти си уште дете за да го знаеш тоа!
– Лукреција е љубовта на мојот живот, – решително додаде Анибал.
– Ти си оспеднат, синко…
– Те молам, Фаусто, – цинично му врати Лукреција. – Ти си болен! Ме држиш затворена во оваа куќа, како лепроразна!
– Дозволете ми да ви појаснам нешто на Вас двајцата, оваа фарса завршува во овој момент! Ако дознаам дека уште некој знае за Вашата прељуба, нема да имам милост кон вас, грешници!
– Никој друг не знае, – појасни Лукреција. – Само мојата ќерка.
– За твое добро, се надевам дека е така. Анибал, излези, сакам луѓето да те видат со твојата жена.
– Не, татко. Ако треба да бидам виден, сакам да бидам виден со жената која ја љубам, Лукреција. Еднаш ти дозволив да избереш за мене, но нема уште да ти дозволувам да управуваш со мојот живот!
Како лав, Фаусто се нафрли врз својот син. Беше во сосотојба да го згмечи со своето масивно тело, само да не му попушти. Лукреција се обидуваше да ги одвои, но залудно.
– Јас ја љубам оваа жена татко, – смело повторуваше Анибал.
– Оваа жена не може да ми подари внуци на овие години! Алисиња е млада и потентна…
– Јас не ја љубам Алисиња, ниту таа ме љуби мене!
– Не ме интересира! Не сакам да слушнам! Што би рекле моите пријатели, моите бизнис партнери, селаните кога ќе слушнат дека Анибал Кастњон, синот на Фаусто Кастењон ја изневерува својата жена со нејзината мајка? Заборави ја! Лукреција сака скандали, но не и мојата фамилија! Лукреција сака гревови, мојата фамилија не!
– Те молам, Фаусто, ти си најгрешниот човек кој сум го сретнала во мојот живот, – му спушти Лукреција од страна.
– Ова е последен пат да ми се обратиш вака, – низ заби и се закани Фаусто. – Ако продолжиш да ми правиш проблеми, ќе бидеш мртва!, – и се закани сурово пред да ја напушти собата и да се врати кај своите гости.
Лукреција почуствува како и се наежува кожата. Заканата на Фаусто беше толку сурова и што е најстрашно, уверлива. Пријде до Анибал и цврсто ја побара неговата прегратка.

Беше зора кога првото кукурикање на петелот го најави раѓањето на денот. Енцо се разбуди како во штрек. Лежеше на белата и миризлива постела на Естер, која спиеше како јагне на неговата рака. Ја извлече раката од под нејзината глава и стана од креветот пред да биде откриен како натрапник. Иако понекогаш тоа беше она што најмногу го сакаше. Тоа би било најголемиот удар за Фаусто, да го фати во кревет со неговата сопруга. Но не можеше да и го направи тоа на Естер. Посегна по своите панталони кога го слушна нејзиниот глас;
– Можеше барем да се збогуваш.
– Не сакав да те будам, – рече и се врати назад во постелата каде што таа се протегнуваше. Очите и делуваа уште позелени наутро, а насмевката и беше поблескава. Ги покри нејзините усни со бакнеж, иако беше на штрек да не влезе некој.
– Смири се, – го смируваше таа. – Никој не може да дојде толку рано. Сигурно ќе спијат до пладне.
Не сакаше да се одвои од неговото топло тело. Беше ненаситна на неговите усни, милувања…
– Остани со мене…
Но и двајцата знаеа дека колку и да е слатко тоа, толку е и ризично. Тој посегна по својата ленена кошула. И дари уште еден бакнеж и се упати кон подотворениот прозорец од кој продираше првата дневна светлина.

Марија Грација и Моналиса ги средуваа сите чинии и чаши кои беа оставени од забавата. Беа станати рано за пред појаодокот да ги завршат обрските. Одвај и двете стоеа на нозе. Останаа да доцна во ноќта служејки а сега со првото сонце беа повторно на работа. Тешки чекори кои удираа по дрвениот пот допираа до нив. Без да се заври, Марија Грација добро знаеше кој чекори така.
– Газда…мислев дека ќе спиете до доцна? Сакате кафе?
– Сакам нешто друго, – рече тој а таа се вкочани. Добро ги познаваше утринските ритуали на Господарот. Ритуалите кои ја вклучуваа и неа како жена, веќе со години.
– Кажи и на твојата ќерка да не остави.
– Излези од кујната Моналиса, подоцна ќе завршиме…
Моналиса погледна во својата мајка. Го спушти погледот пред да ја напушти кујната, но тогаш Фаусто ја грабна грубо за нејзината тенка половина.
– Застани, мала. Се предомислив. Овој пат сакам ти да ме задоволиш.
Ја држеше цврсто со своите раце, како птица грабливка која не го дава својот плен.
Моналиса трепереше како лист на ветар. Марија Грација го гледаше стравот во очите на својата ќерка.
– Ве молам газда…немојте да ја повредите мојата ќерка, ве проколнувам.
– Нема да ја повредам, – рече тој и ја пушти Моналис аод своите раце. – само сакам да гледа. Да види како една слугинка треба да го задоволува својот газда!
– Не ми го правете ова пред мојата ќерка, Ве молам во она што најмногу го сакате, газда…
Но како и обично, Фаусто беше нем на молбите. Ја турна готвачката на масата и и го подигна здолништето, раскопчувајки го шлицот од своите панталони…
Моналиса замижа. Беше премногу болно да гледа како газдата ја силува нејзината мајка. Марија Грација ја прегриза устата за да не испушти бол, не сакаше повеќе да ја вознемирува својата ќерка. Горчливи солзи и лиеа по лицето додека газдата ја правеше своја…

Светлината од подотворената врата во колибата ја разбуди Крситина од немирниот сон. Ја помина ноќта речиси будна, стравувајки дека сеуште Енцо не е вратен.
– Енцо, фратело мио, каде беше? Не можев да запсијам мислејки те. Каде беше, дали си добро?
Со рацете бараше по неговото лице и тело да се увери дека не е повреден, дека е читав, дека злото на Фаусто не допрело до него.
– Добро сум, Кристина, не грижи се. Бев со Естер.
– Цела ноќ?
– Да. Во нејзината соба.
– Енцо, го предизвикуваш ѓаволот, фратело.
– Не сум загрижен за себе. Повеќе се грижам за тебе. Не знам колку си тука безбедна, Кристина. Фаусто може лесно да те најде.
– Не грижи се за мене, ќе бидам добро. Целиот живот се грижев самата за себе. Ќе одам на реката да ги исперам оние твои валкани алишта, па ќе дојдам да подготвам појадок. Ти амо, – одеднаш ја совладаа емоции и имаше потреба да ги сподели со својот брат. Го прегрна и му шепна дека е горда на него.

Само што Кристина ја напушти колибата со полно корито алишта и се упати кон реката, Енцо почна да ја слекува кошулата од себе. Му требаше да се освежи со студена вода, кога слушна чекори, брзи чекори и кога го заврте погледот ја забележа Марија Грација, задишана, изморена, со солзи во очите…
– Што се случило, сорела?!
– Изморена сум од се, Енцо, – говореша таа во прегратката на својот брат.
– Но, што се случило? Марија Грација, погледни ме…Погледни ме! Кажи ми дека не те повредил оној гад?!
– Не можам да живеам повеќе во таа куќа, Енцо.
– Сакам да се смириш и да ми кажеш се, до збор…Но, вистината. Ја сакам вистината, Марија.
Таа седна на блиската столица, иако сеуште не можеше да дојде при себе. Ја болеше душата поради тоа што и го стори Фаусто. Тоа што и го стори пред очите на нејзината ќерка. Немаше сила да го гледа својот брат во очи и да му каже се. Постојано го избегнуваше контактот со очи, но овој пат беше решителна, не сакаше да молчи повеќе.
– Немам храброст да ти кажам…
– Што сторил Фаусто сега? Не ми вели дека се осмелил да…
Се плашеше да ја праша гласно. Се плашеше од нејзиниот одговор. Се плашеше дека тоа зло е крајното зло кое тој човек може да му ја нанесе на неговата фамилија.
– Заколни ми се дека нема да го побараш по ова што ќе ти го кажам, фратело. Заколни ми се.
– Тоа беше прв пат?, – ја праша.
Таа негираше вртејки ја главата. Повторно го спушти погледот додека солзите немерно и течеа.
Енцо стана од масата и со сета сила удри во ѕидот.
– Кучкин син, -чкрипеше со забите. – Кучнин син!!!

 

***

 

ОДМАЗДА
љубов и смртна казна 

Продолжение 90 – „Очи во очи“

 

Беше еден од најголемите удари кои му ги имаше нанесено животот. Сознанието дека Фаусто ја силувал неговата сестра. Марија Грација. Зеницата на неговите очи.
– Дали Антенор знае? – ја праша.
– Знае сите овие години.
Енцо вртеше со главата. Не можеше да разбере како. Како еден маж може да знае дека друг маж ја силува неговата жена и да не превземе ништо во врска со тоа.
– За Антенор, газдата е светост, Енцо.
– Ова мора да заврши, Марија Грација. Еднаш засекогаш мораш да ставиш крај!
Ја држеше нејзината брата, држејки и го погледот фиксен. Не сакаше повеќе да се срами поради нешто за што некој друг е виновен. Не сакаше неговата сестра да го врти погледот за нешто за што не е виновна.
– Целиот мој живот живеам со страв, фратело.
– Никој не заслужува да живее во страв, најмалку ти, сестро моја. Слушни ме добро. Повеќе нема да се вратиш во таа куќа.

Ги переше алиштата во студената речна вода, кога птичјата песна и жуборот на брановите престана да биде единствениот звук тоа убаво утро. Коњски галопи удираа во земјата близу брегот, кога Кристина го подигна погледот и крвта и се заледи во нозете кога ги виде луѓето на Фаусто како јаваат кон неа. Беше предоцна да бега, но не можеше ниту да остане така. Се исправи на нозе но по неколку чекори се најде во рацете на луѓето пратени од Фаусто. Ја грабнаа цврсто и ја зедоа на своите коњи.

Алисиња само што ја згасна својата цигара во пепелникот, кога во собата дотрча Моналиса, задишано и одвај доаѓаше до збор.
– Госпоѓице Алис…Госпоѓице Алис, дојдете со мене, Ве молам!
– Што е, Моналиса? Што се случило?
– Некои луѓе ја грабнаа мојата тетка Кристина, видов со свои очи кога ја внесоа во амбарот, дојдете ве молам…

Енцо излезе во дворот пред колибата. Не го држеше место. Од една страна беше бесен и полн со гнев поради тоа што му го кажа Марија Грација, а од друга страна беше загрижен што Кристина сеуште не е вратена. Слушна коњски галоп и кога го подигна погледот забележа како доаѓа Антенор. Најверојатно ја бара Марија Грација, помисли, па во бес застана на нозе и не чекајки неговиот зет ни да слезе од животното, го грабна за половината и го извлече на земја.
– Ти ми требаше, несреќнику! Како можеше да дозволиш твојот газда со години да ја силува твојата жена?!

Двајца мажи цврсто ја држеа Алисиња да не може да влезе во амбарот, каде што Фаусто побара да биде оставен насамо со Крситина. Врескаше на сиот глас да ја пуштат, но ниту созлите не и помогнаа во намерата. Фаусто им нареди на своите луѓе да ја вратат назад во куќата и да го остават насамо со италијанката, која со две јажиња беше заврзана како стока на гредите.
– Го проколнувам денот кога дозволив да останеш во оваа куќа, ороспијо!, – и рече притиснувајки и ја вилицата толку силно, што почна да и протекува крв од устата. – Требаше да те оставам во борделот да умреш од некоја венерична болест. Во оваа куќа е забрането да се греши, проклета. Кога ќе завршам со тебе ќе ја средам и онаа твоја љубовница, – мислеше на Алисиња.
– Мојот брат нема да дозволи да ме повредиш.
– Кога брат ти ќе дојде, од тебе ќе најде само пепел, Кристина. Што е? Се исплаши?
Ја мислуваше по лицето размачкано со крв. Неговиот поглед беше демонски.
– Освен што си курва ти си вештерка…А занеш што им прават на вештерките? Ги горат на клада!
– Неее….
Болниот крик на италијанката одекна низ амбарот, но не допре до срцето на Господарот.

Антенор трепереше под силната рака на Енцо. Дури по неколкуте зададени удари, проговори во своја одбрана.
– И што требаше да сторам? Да му се спротиставам на газдата за да ме убие?
– Ниеден маж не би дозволил така да ја третираат неговата сопруга, беднику! Ти се колнам дека малку фали да те убијам…
– Се гледа дека во Вас двајца тече иста крв, Енцо. Ми се закануваш исто како него, како Господарот!
Ваквите зборови го погодија Енцо. Никој во животот го немаше споредено со такво зло.
– Животот го диктираат парите, а ние кои немаме пари можеме само да молчиме и да слушаме што ќе ни наредат богатите!

Лукреција и Анибал не можеа да ја скротат Алис која беше на работ од нервен напад. Мораа да употребат и повеќе сила за да ја смират и да ја задржат во куќата.
– Морате да и помогнете, ѕверот ќе ја убие, морате да и помогнете…
– Алисиња, смири се, смири се…
– Анибал, оди и зборувај со татко ти, не смееш да му дозволиш да ги извалка уште еднаш своите раце, – го советуваше Лукреција, додека се обидуваше да ја додржи мирна својата ќерка.
Вознемирена од вревата во салонот, влезе Естер.
– Што се случува овде?
– Татко пратил луѓе по Кристина и сега ја држи врзана во амбарот,- одговори Анибал.
– Мораме да сториме нешто, Естер, во спротивно Фаусто ќе ја убие девојката.
– Ако ја убие Кристина, се колнам дека јас ќе го убијам со голи раце, – во делириум повторуваше Алис.

Зелените и крупни очи на младата италијанка беа поллни со солзи и страв како никогаш претходно. Беше силувана, напаѓана, тепана но никогаш не беше толку исплашена како сега кога гледаше во очите на човекот чија злоба се манифестираше преку неговите црни зеници.
– Кога дојде под мој кров, требаше да знаеш дека во оваа куќа јас не простувам предаства, Кристина. Кажи ми отворено, дали вреди да умреш на клада поради болна девојка како Алис?
Наместо одговор, таа го плукна. Плуканицата беше полна со крв од разранетата уста.
– За неа би умрела сто пати, но за тебе никогаш, – му одговори смело.
– Не ми вели дека ја сакаш, – цинично се намсевна тој, бришејки ја нејзината крв од своето лице.
– Сите се сакани освен тебе. Ти, Господарот на Темпестад, човекот од кој сите се плашат но никој не го почитува! Дури ниту твојата жена!

 

 

 

Јовица Крстевски | ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Научи ме да летам | Enseñame a Volar #055, 056

#55то продолжение                 Беше нешто по полноќ, кога лежеа голи на софата во …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!