Почетна / Забава / „Сулејман“ беше исвиркан на преговорите со Ердоган

„Сулејман“ беше исвиркан на преговорите со Ердоган

 

Преговорите меѓу актерот Халит Ергенч и премиерот на Турција, Реџеп Тајип Ердоган, траеа цела ноќ, за да подоцна и двајцата влезат во судир. Еден од активните учесници во протестите во Турција од самиот почеток е Ергенч. Самиот тој беше присутен при полицискиот напад на паркот Гези и беше во групата која што преговараше со премиерот. Наводно, тој побарал Ердоган да им излезе во пресрет на учесниците на протестот, на што премиерот му одговорил дека тој е „Сулејман“ и знае како тоа оди во Турција.

 

„Не може со милост да се владее. Каде би биле, кога сите наши лидери би попуштале секому“, истакнал Ердоган. На крајот турскиот премиер оставил одлуката за понатамошна изградба на трговскиот центар и можноста за референдум да ја донесе судот.

 

 

Ергенч во Турција е мегапопуларен и до овие протести беше политички неактивен. Освен во преговорите, „Сулејман“, многу често се појавува и во првите редови на протестите. Неговите изјави дека Турција мора да биде држава на човековите права, која мора да ги почитува различностите и правата на другите, добија одговор од другата страна.

„Кој си ти, самонаречен „Сулејмане“? Како ти можеш да ни држиш предавање?“, се само дел од изјавите кои што му ги упатија некои колеги, симпатизери на владеачката партија. Навредливи транспаренти се појавија и на митингот којшто го организираше премиерот во Анкара.

 

 

 

 

 

| ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Отворен нов датум за новогодишното музичко шоу со кабаре „Еуфорија“

Поради огромниот интерес и целосно распродадениот прв датум на новогодишното музичко шоу со кабаре „Еуфорија“, …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!