Почетна / Живот / „5:17“ – премиера на Вондерленд Театар

„5:17“ – премиера на Вондерленд Театар

 

Вондерленд театарот од Скопје на 23-ти јуни, недела во 22 часот. ќе ја одржи премиерата на својот нов проект – претставата посветена на 50 годишнината од катастрофалниот скопски земјотрес, просто наречена „5:17“. Нела Витошевиќ, овогодинешниот победник на наградата за најдобра режија на фестивалот „Војдан Чернодрински“ поставува текст на Ана Ристоска заедно со актерска екипа составена од Драгана Костадиновска, Дениз Абдула и Стефан Вујисиќ.

 

 

Проектот „5:17“ е во процес на работа од почетокот на јануари 2013. година, а се поставува во кафулето Интро, кај старата железничка станица, како спомен, симбол на предземјотресно Скопје. Преку својот носталгичен поглед на „старо Скопје“ претставата ќе има за цел да не потсети на трагичната загуба во која 1070 жители загинале, а скоро 80% од градот бил срушен. Секој гледач на оваа претстава емотивно ќе се пронајде и поистовети со трагичниот настан, но и ќе се потсети на некогашните хумани вредности.  Покрај освртот кон историските настани, претставата поставува важни прашања за развојот на денешно Скопје.

 

 

Оваа претстава е четврт проект на независниот театар Вондерленд, кој опстојува веќе трета година по ред и досега двапати зема учество на фестивалот МОТ, освојувајќи ја главната награда за најдобра претстава од независната македонска театарска сцена, во 2011 година. Претставата е дел од „Скопско Лето“, а резервации за карти може да се направат на следниов емаил: [email protected]

 

 

 

| ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Добитниците на награди на Струшките вечери на поезијата 2024

Со Меѓународен поетски митинг на платото пред Музејот на современа уметност во Скопје, заврши 63. …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!