Почетна / Вебновела / Одмазда – љубов и смртна казна 93 и 94

Одмазда – љубов и смртна казна 93 и 94

 

Марија Грација се врќаше од овоштарникот со корпа полна со праски. Мина покрај коритото на реката каде што жените ги пера алиштaта во студената вода, потпевнувајки со своите мелодични гласови. Се чуствуваше слободно по толку многу време. Немаше пристапено на фазендата речиси четири дена. Четири дена го немаше видено Господарот. Помислуваше дека е способна да му ги извади очите со своите долги нокти поради тоа што и го имаше направено на Кристина. Антенор ја побара неколку пати, но Марија Грација беше решена дека не се врќа никогаш повеќе во куќата. Погледна кон пампата и пролетното небо, додека ветрот и дуваше в лице. Зеде од корпата една праска која имаше свеж мирис. Ги имаше избрано најдобрите додека не ја наполни сламената корпа. Потоа се врати по истиот пат до колибата.

 

ОДМАЗДА
љубов и смртна казна 

Продолжение 93 – „Моналиса е бремена“

 

Марија Грација се врќаше од овоштарникот со корпа полна со праски. Мина покрај коритото на реката каде што жените ги пера алиштaта во студената вода, потпевнувајки со своите мелодични гласови. Се чуствуваше слободно по толку многу време. Немаше пристапено на фазендата речиси четири дена. Четири дена го немаше видено Господарот. Помислуваше дека е способна да му ги извади очите со своите долги нокти поради тоа што и го имаше направено на Кристина. Антенор ја побара неколку пати, но Марија Грација беше решена дека не се врќа никогаш повеќе во куќата. Погледна кон пампата и пролетното небо, додека ветрот и дуваше в лице. Зеде од корпата една праска која имаше свеж мирис. Ги имаше избрано најдобрите додека не ја наполни сламената корпа. Потоа се врати по истиот пат до колибата.
Кога влезе во колибата забележа дека Енцо веќе станал и излегол. Ја остави корпата со праски на масата и појде кон собата да види дали е будна Моналиса. Нејзината ќерка сеуште лежеше на креветот, бледа и исцрпена.
– Што ти е, мила?
– Не се чуствував добро цела ноќ, – одговори девојката.
Марија Грација внимателно ја гледаше. Лицето и беше бледо и имаше темни кругови пд очите. И го допре челото. И беше студено.
– Повраќаше?
– Да. Најверојатно сум изела нешто лошо…
Марија Грација ја погледна својата ќерка директно во очи. Во нејзините зеници виде сенка на стравот.
– Не лажи ме. Стани! Крени ја ноќницата, сакам да видам нешто!
Моналиса послуша. Марија Грација ја подигна ноќницата на својата ќерка во висина на градите.
– Стомакот ти пораснал?, – гласот на италијанката трепереше. – Стомакот ти пораснал, Моналиса, – повтори. – Да ти ги видам градите.
– Мама!
– Ајде, Моналиса. Не сме тука на игра.
Моналиса ја подигна ноќницата до грло. Марија Грација внимателно ја прегледа.
– Од кога немаш менструација?
Моналиса трепереше. Уште повеќе и се превртуваше утробата. Марија Грација ја прекри устата со своите раце.
– Бремена си! Ќерко…Бремена си од оној ѕвер. Од Фаусто!
– Не знам дали детето е негово мамо… Бев интимна и со Рикардо, – призна девојката со покорен поглед.
Марија Грација почна грчевито да плаче.

Ручекот на фазендата минуваше во мир и тишина. Веќе со денови како што целата фамилија не беше собрана на едно место за оброк.
– Твојата ќерка уште колку долго ќе штрајкува без глас, Лукреција?, – саркастично ја праша Фаусто.
– Алисиња ми порача да ти кажам дека нема намера да јаде на иста маса со убиец.
– Да видиме дали нема да јаде кога ќе забранам да и носат јадење во соба.
– Фаусто, Лукреција, доста!, – ги прекори Естер. – Ајде да јадеме во мир.
– Добар ден на сите, – ги поздрави Луис Анжел кога влезе во трпезаријата.
– Луис Анжел, Елиса ми кажа дека си почнал да одиш во домашни посети кај селаните нудејки им ги своите лекарски способности, – рече Фаусто.
– Ако останам во селото ќе морам да правам нешто, дон Фаусто. Рикардо, сакам да зборувам со тебе кога ќе завршиш со ручекот.
– Веќе сум готов, – рече Рикардо станувајки од масата.
– Зарем нема да ручаш со нас, Луис Анжел?, – го праша Естер.
– Не сум гладен, доња Естер, благодарам.
Двајцата пријатели излегоа од трпезаријата. Од медицинската торба Луис Анжел извади писмо и му го подаде на Рикардо.
– Ова е за тебе. Од Моналиса. Бев да ја посетам. Марија Грација имаше пратено по мене утрово.
Очите на Рикардо добија мрачна сенка на загриженост.
– Како е мојата Моналиса? Нешто не е во ред, Луис Анжел?
– Тажна е, но добра е. Бев да потврдам дека е бремена. Моналиса чека твое дете.
– Мое дете.
– Твое дете, – повтори тој. – Се ти е објаснето во писмото кое го напиша за тебе.
Белите заби на Рикардо се појавија во полунасмевката која се развлече на неговото лице додека ги читаше редовите од Моналиса.

По ручекот, Фаусто влезе во својата работна соба. Имаше еден куп обрски кои мораше да ги заврши до крајот на денот. Запали пура и посегна по папирологијата, кога влезе Риакрдо известувајки го дека мора итно да разговара со него.
– Што е сега, Рикардо?
– Се надевам дека веста која ќе ти ја соопштам ќе ја прифатиш со добро како што ја прифатив и јас.
– Зборувај бе заобиколувања. Имам еден тон работа. Што е тоа што сакаш да ми го кажеш?
– Моналиса е бремена,- одговори во еден здив. – Јас сум татко на детето кое го чека.
Фаусто изрипа од бирото како попарен.
– Да татко, јас сум татко на детето кое го чека Моналиса. И сакам да му го дадам моето презиме. Сакам тоа дете да биде Кастењон.

Попладневните часови, Луис Анжел ги минуваше во градината, на клупата покрај фонтаната со книга во рацете. Елиса му пријде од зад грб и ги затвори неговите очи со своите раце.
– Погоди кој.
– Најубавиот цвет на Темпестад, – низ насмевка одговори младиот лекар, затворајки ги кориците на книгата која ја читаше.
– Од каде знаеше дека сум јас?, – го праша девојката, седнувајки до него.
– Кој друг би можел да биде!?
– Можеби Акасија, – се пошегува Елиса.
– Акасија не се појавува преку ден. Елиса, – додаде тој милувајки ја нејзината бела кожа на лицето. – Те љубам.
Таа го заврте погледот. И годеа неговите зборови но уште колку ќе може да ја чека без да му ги врати истите емоции, се прашуваше.
– Елиса, смеам ли да бидам искрен со тебе?
– Секако.
– Конфузен сум кога се работи за тебе. Не знам зошто бараше од мене да останам а сеуште не сакаш да ме прифатиш како момче?
– Ти реков дека ми треба време…
– Да, но твоето константно одбивање ме тера да се посомневам дека нашето не води никаде.
– Не биди блесав…Знаеш дека те сакам.
– Да, ме сакаш…Ме сакаш како пријател, но не ме љубиш како маж. Ме сакаш крај себе само да заборавиш на другиот. Не сакам да бидам сакан, сакам да бидам љубен, Елиса.
Таа го помилува по брадата. Беше толку различен од Енцо. Помлад, образован, начитан, трпелив…И што е најважно, ја љубеше. Ја навали главата и му ги подаде усните. И дозволи да ја љуби онакака како што тој сакаше.

Додека Марија Грација го ложеше шпоретот за да ја стави вечерата, Моналиса стоеше потпрена на столобот милувајки го својот стомак. Се чуствуваше многу порелаксирано сега кога го напиша писмото каде што го известува Рикардо дека чека дете од него.
– Сигурна сум дека до сега Рикардо разговарал со Господарот, – и соопшти на својата мајка.
– Не сакам да ти ги убијам илузиите, мила, но тешко да верувам…
Силен удар на вратата од колибата и Фаусто Катсењон се најде среде просторија. Ја нападна Марија Грација, силно пристиснувајки ја со своите раце.
– Зошто не ми кажа дека Моналиса е бремена?
По својот татко во колибата влезе и Рикардо.
– Пушти ме. Ако дојде Енцо и те види овде ќе те убие! Ниту јас не знаев дека Моналиса е бремена до вчера.
– Пушти ја татко, – извика Рикардо.
– Сега ќе ја браниш и послугата, Рикардо?, – дрско го праша Фаусто турнувајки ја Марија Грација кон шпоретот. Жената си ги изгоре дланките на плочата, додека Моналиса гласно крикна кога Господарот ја зграпчи со своитре силни раце.
– Доаѓај со мене!, – и нареди извлекувајки ја од колибата.
– Не! Каде ме водите, – извика девојката, додека Рикардо беспомошно одеше по нив.

Антенор ги вршеше дневните задачи во шталата кога слушна како женски глас го довикува неговото име. Се заврте нагло кон вратата и ја забележа Марија Грација, со влажно лице од солзи, задишана…
– Антенор!
– Што е, жено? Што се случува?, – ја праша тој, смирувајки ја.
– Моналиса е бремена. Газдата дозна и ја одведе од колибата! Мораш да сториш нешто!

Прислилувајки ја да влезе во борделот на тетка Кармен, Фаусто ја турна Моналиса на подот од куќата, додека Рикардо го следеше во чекор, барајки соодветен момент да ја заштити саканата.
– Кармен!, – Фаусто довика по сопственичката која ја изгасна цигарата во пепелникот и појде да види што се случува. – Оваа девојка е бремена од Рикардо! Сакам веднаш да се ослободиш од тоа дете!
Моналиса ја подотвори устата, шокирана од барањето на Господарот. Погледна во Рикардо кој подеднакво беше изненаден. Но наредба беше наредба и тоа сите присутни го знаеа. Фаусто не ги повторуваше своите заповеди.

 

***

 

ОДМАЗДА
љубов и смртна казна 

Продолжение 94 – „Солзи, тага, несреќа“

 

Антенор немаше време за поставување на прашања. Откако неговата сопруга го извести дека нивната ќерка е во опасност, го зеде првиот коњ, прашувајки дали знае каде Фаусто ја одвел Моналиса.
– Не знам, – задишано одговори Марија Грација. – На сила ја одведе од колибата…Не знам каде можел да ја одведе но знам дека може да ја повреди. Младиот Рикардо е со нив.
– Ајде, Марија, мислам дека знам каде се, – рече Антенор, и ја подаде својата рака на Марија Грација, ја качи на животното и двајцата одјаваа кон селото.

Тетка Кармен беше позната во селото како жена која многу пати им ги одзела животите на неродените бебиња на жените кои ненамерно останале бремени во борделот. Фаусто го знаеше тоа и Рикардо го знаеше тоа.
– Не, татко, тоа дете е мое!,- од петни жили извика Рикардо.
– Никогаш! Слушај ме добро, никогаш нема да дозволам дете на слугинка да го носи името Кастењон!, – низ заби процеди Фаусто, држејки ја младата Моналиса. – Ајде Кармен, добро знаеш што треба да направиш.
– Татко, нее, – очајно молеше Рикардо паѓајки на колена, но Фаусто беше решен. И ја предаде младата девојка на Кармен која знаеше што треба да направи.
Кармен ја одведе девојката во собата на катот, а по нив тргнаа Фаусто и Рикардо.
Со помош на уште една девојка, Кармен ја легна Моналиса на креветот.
– Не можам да го гледам ова, – низ солзи рече Рикардо гледајки колку страда девојката која чекаше негово дете. – Како можеш да ми го правиш ова, татко? Моналиса…
– Не!, – извика Фуасто задржувајки го во намерата да ја напушти собата. – Ќе стоиш тука и ќе гледаш како умира тоа дете. Да ти дојде памет дека една слугинка никогаш не смее да си дозволи да остане бремена од еден Кастењон!

Естер шеташе низ фазендата како сенка. Немаше никој само сенките од свеќите кои играа на ѕидовите на старата куќа. Мислеше на Енцо и пријатна топлина и го заобли срцето. Го чекаше да дојде откако доби писмо дека ќе ја посети на полноќ. Влезе во библиотеката, седна на фотељата, ги прекрсти рацете. Не беше мирна иако знаеше дека ова не е прв пат како што тој доаѓа. За момент ги затвори очите. Кога ги отвори тој веќе беше тука. Неговите сини очи светеа како скапоцености во ноќта. Естер го погледна и се насмевна.
– Енцо…
– Тука сум за да те спасам, Естер. Сакам да те земам со мене во колибата. Нема да дозволам да поминеш уште една ноќ под ист покрив со тој убиец! Не сакам да бидеш тука кога ќе го убијам.
Естер го гледаше со страв. Никогаш во животот неговите очи не биле толку сурови како сега.

Моналиса неутешно плачеше додека нејзината мајка го топлеше нејзиното тело кое се тресеше во постелата во колибата.
– Ми го убија, ми го убија, – повторуваше девојката неутшно.
Солзи, тага, несреќа…Беа единствените придружнички на тие жени во последно време. Во собата влезе Антенор, вадејки ја шапката од својата глава.
– Како си девојче мое?
– Ме боли, – повторуваше девојката низ солзи.
Антенор ја прегриза долната усна и ги притисна дланките во тупаница. Ужасно страдаше гледајки ги солзите на неговата ќерка.
– Ќе помине, мила, – ја советуваше Марија Грација не напуштајки го креветот. – Ти си млада, ќе имаш многу шанси да бидеш мајка.
– Ми го убија, ми го убија детето…

Свеќите во капелата гореа и по полноќ. Силен одек на камшик одекнуваше во просторијата која мирисаше на босилек кога влезе Рикардо. Фаусто клешеше гол пред олтарот, а неговото тело беше со траги од крв зададени од силните удари на камшикот.
– Клекни до мене, Рикардо, – му нареди Фаусто на својот помал син. – Треба да се покаеш за злосторството.
– Јас не сторив никакво злосторство, татко.
– Неблагодарнику! Тоа го направив за тебе!
– Не е вистина, тоа го направи за себе!
– Порано или подоцна ќе сфатиш дека сум имал право, Рикардо.
– Она што го стори денес е нечуено, – низ горчливи солзи и насобрана храброст изусти младиот Кастењон. – Сакав тоа дете да биде дел од нашата фамилија!
– Кога ќе научиш колку е значајно да се биде Кастењон, Рикардо?, – извика Фаусто на сиот глас, турнувајки го својот син на подот од капелата. – Слечи ја кошулата! Слечи ја ти велам! А сега моли се, Рикардо, моли се за својата душа!
Го примори својот син да клекне на колена пред Распетието, без кошула. Го зеде камшикот и првиот пат го удри со сета сила. Свежата крв на младиот Кастењон ги размачка белите свеќи кои догоруваа.

Естер гледаше со страв во Енцо. Стоеше мирен крај неа. Го спушти погледот и забележа оружје во неговиот појас.
– Енцо, не, – крикна за да не биде чуена подалеку. – Не можеш да го сториш тоа.
– Кажи ми зошто не, Естер? Тој монструм ја уби мојата сестра, ги силуваше мојата внука и нејзината мајка…Те силува тебе, до Бога, Естер! Освести се! Тој монструм не заслужува да живее!
– Мораш да се смириш, Енцо…Разбирам дека Фаусто и нанесе големо зло на твојата фамилија, но ти не смееш да си дозволиш да ги крвариш своите раце. Остави Бог да му пресуди!
– Бог? Зарем Бог постои, Естер? Кој Бог? Каде е Бог кога Кристина умираше запалена на клада, каде е твојот бог кога Фаусто ги силуваше мојата сестра и внука, каде беше Бог кога попладнево Фаусто го уби плодот на Моналиса? Да, Естер! Ја одвел Моналиса да го абортира детето кое го носеше мојата внука…Твојот внук, Естер. Тоа дете беше плод на Моналиса и твојот син.
Естер ја прекри устата за да не испушти крик.
– Фаусто го сторил тоа?, – праша пригушливо додека солзи и наидоа на очите.
– И ми велиш дека не заслужува да умре?
– Енцо те молам. Во името на нашата љубов немој да се претвориш како него замо затоа што си полн со горчина и болка. Немој да дозволиш желбата за одмазда да те направи убиец како него.
– Повеќе немам за што да живеам Естер. Сите луѓе кои ги сакам страдаат поради тоа клето куче. Само смртта на Фаусто ќе ме направи мирен. Ако не вечерва, еден ден, многу скоро мојата рака ќе му стави крај на тој монструм, Естер, – беа неговите последни зборови пред да ја напушти библиотеката.

Рано, следното утро, Антенор слезе од коњот пред тремот на фазендата. Сеуште беше многу рано и куќата спиеше, но знаеше дека Фаусто е буден. Секогаш стануваше рано. Влезе во куќата каде што една слугинка чистеше прашина и потпевнуваше. Не мораше ни да праша каде е Господарот бидејки добро знаеше каде да го најде. Фаусто беше во својата работна соба.
– Како можевте да и го направите тоа на мојата ќерка?, – го праша уште од врата.
– Се тропа пред да се влезе, простаку, – му дофрли Фаусто.
– Моето девојче, онаа која ми е најважна во животот…Како можевте да и го сторите тоа? Бог никогаш нема да Ви ги прости гревовите.
– Како се осмелуваш така да ми зборуваш? Свесен си дека можам да те убијам сега и тука?
– Убијте ме ако сакате. Порадо да бидам мртов отколку да ја гледам мојата малечка како страда…зошто ми го направивте тоа, газда?, – Антенор беше скршен. Падна на подот плачејки како мало дете. – Моналиса е моето богатство, – повторуваше низ солзи. – Најчистото нешто кое го имам.
– Погледни ме во очи, Антенор. Она што го сторив, го сторив за мојот син, но пред се, за твојата ќерка. И ти и јас знаеме дека тоа дете не смееше да се роди. Крвта на газдите никогаш не се меша со крвта на слугите. Господ знае дека ја говорам вистината. Земи ги овие пари.
Извади одредена сума пари од фиоката, фрлајки му ги на надзорникот како на пес.
– Нека биде компензација за она што мојот син и го стори на твојата ќерка.
Антониета стоеше на страна. Гледаше во Антенор, па во Господарот.
Антенор се исправи на нозе, ги избриша солзите од лицето и гордо рече;
– Не сакам ништо ваше газда! Само Господ ќе Ви врати за сето зло кое ни го нанесовте!
Тоа беа последните зборови кои ги кажа пред да ја напушти куќата. Фаусто знаеше дека изгубил верен и подан слуга, но не можеше ништо да стори. Алчниот Антенор кој секогаш гледаше се преку призма на пари одби голема сума и замина во солзи.

Марија Грација беше уште од зора будна тоа утро. Ги переше алиштата на Антенор во бунарот пред колибата кога слушна звук на моторно возило и ја подигна главата. Од возилото излезе Алисиња и пријде до жената.
– Добро утро, Марија Грација.
– Како сте, госпоѓо? Како се нештата на фазендата?
– Секој ден полошо. Не можам повеќе да живеам под ист кров со Фаусто Кастењон. Не можам да престанам да мислам на Кристина, – додаде девојката со влажни очи.
– По она што им го стори на мојата сорела и мојата сестра, размислував и дојдов до заклучок како можам да му вратам со истата мера, – додаде Марија Грација и ја понесе Алисиња во колибата.
Ја отвори фиоката од кујната и извади една здела на чие дно лежеа неколку големи печурки.
– Што е ова?, – збунето праша Алисиња.
– Една од овие отровни печурки може да убие коњ, – додаде Марија Грација.
Ниту една од жените не ни насетуваше дека зад отворената врата на колибата, нивниот рагзовор го преслушкува Кармен. Беше дојдена да донесе тревки за чај за младата Моналиса, кога ненадејно го слушна разговорот, заговорот против Фаусто.
– Сакаш да кажеш дека една од овие може да го убие Фаусто?
– Се што треба да направиш е една од овие печурки да ја исцедиш убаво и да ја измешаш во пијалок. Пијалокот треба да му го дадеш на Господарот. За неколку минути, Фаусто Кастењон ќе ја добие заслужената казна.
Алисиња ја зеде зделата и се насмевна ѓаволесто.

 

 

Јовица Крстевски | ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Научи ме да летам | Enseñame a Volar #055, 056

#55то продолжение                 Беше нешто по полноќ, кога лежеа голи на софата во …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!