„НАСЛЕДСТВОТО НА ГОСПОЃИЦАТА“
наскоро на Сител
Tажна приказна за девојка која живее со својата полусестра и маќеа. Дејствието на почетокот е како на Пепелашка. Таткото умира, а богатото девојче се наоѓа во немилост на новата мајка и сестра кои живеат на нејзина сметка. Но, во оваа приказна, Пепелашка ја прават ментално болна. Нејзината добра вила е дадилката која ја спасува и ја носи кај „принцот“. Наместо да заврши, тука допрва почнува вистинската драма.
ново промо
Омер е од богато семејство, но запаѓа во финасиска криза. Се жени за Нериман заради парите. Како и кога ќе се роди љубовта, какви ќе бидат разочарувањата, што кога ќе се дознае вистината, како да се надминат семејните одбивања и несогласувања, ќе биде ли ова приказна со среќен или со тажен крај? Останува да видиме ова лето на Сител телевизија.
| ТВ Пакет