Пред неколку години палеше и жареше на македонската сцена, а сега таму ни трага ни глас од него. Љубителите на музиката Дејан Даскалов – Даскал го помнат како пејач со извонредни текстови и аранжмани.
Се појави во периодот кога се случи револуција на македонската поп сцена, односно периодот кога наши најпопуларни пејачи беа Врчак, Угро, Ребека, Ерзана, Ин и други. Даскал беше дел од оваа музичка елита, девојките беа луди по него, а момците се пронаоѓаа во текстовите на неговите песни. Во прилог се неколку хитови кои ќе ве потсетат на старите добри времиња.