Пар водители од Струмица се истакнаа со своите прашања. Замислете, емисијата ја започнаа така што девојката која им беше гостин ја прашаа кој ја облечува и кој ја соблечува, како се чувствува во нивната емисија и како ќе се чувствува после тоа (што ли планираа да и прават?).
Потоа водителите почнаа да се тепаат за микрофонот, бидејќи беше еден и единствен, а девојката… таа едноставно блесна со изјавата дека на неа нема ништо пластично туку целата е “натурале”. Сето ова го забележавме во првите 4 минути од емисијата, замислете колкав текст би требало да составиме доколку ја изгледаме целата емисија која гордо е објавена на YouTube!
Chris | ТВ Пакет