ТВ Пакет забелешка:
Кога А1 згасна сите останати телевизии постојано известуваа дури и за најситниот детал поврзан со неа, а сега кога излезе вест дека истата телевизија се враќа и тоа како интернет телевизија во Македонија, сите молчат. Нема место за сомнеж дека ова е неофицијална информација со оглед на тоа што инволвираните во приказната лично ја потврдија веста, нема место ни за страв од конкуренција затоа што во Македонија не постојат многу интернет телевизии. Овие причини ги отфрламе како можност за игнорирање на веста и сеуште не знаеме зошто телевизиите молчат за ова. Единствени медиуми коишто оваа вест ја споделија со јавноста се интернет порталите меѓукои и ТВ Пакет, сите други останаа имуни на веста за враќањето на А1!
Martin M. | ТВ Пакет