Почетна / Забава / Ванеса Хаџенс станала проститутка

Ванеса Хаџенс станала проститутка

 

Ванеса Хаџенс ги следи чекорите на други поранешни ѕвезди на Дизни коишто сакаат да се ослободат од ангелскиот имиџ што го негувале во филмовите на продукцијата.

 

 

Откако достигна вртоглава слава со трилогијата „High School Musical“, Ванеса Хаџенс одигра улога на провокативна девојка во „Spring Breakers“. Но сега актерката чекори кон повеќе и штотуку прифати улога како проститутка. Ванеса ќе биде дел од филмот „The Frozen Ground“ кадешто ќе глуми заедно со актерите Николас Кејџ и Џон Кусак. Поранешната актерка од Дизни ќе ја игра Синди Пулсон, жена која го продава своето тело и успева да избега од серискиот убиец Робен Хансен, кој откако ги напаѓа своите жртви ги остава сами на себе среде шума во Алјаска.

 

 

 

| ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Успешен настап на Дијана И. Илкоска со Софиската филхармонија

По неодамнешниот успех во Грузија, нашата реномирана диригентка, маестра Дијана Имери Илкоска, продолжува со нови …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!