Телевизија 24 Вести побара од Советот за радиодифузија помош за својата програма да ја реемитува преку кабелскиот оператор Blizoo и дигиталната безжична платформа BoomTV.
Корисниците на овие две платформи веќе со месеци бараат операторите да почнат да ја емитуваат програмата на Телевизија 24 Вести пред се поради богатата информативна програма која ја нуди каналот. Тензиите дополнително се зголемија одкако дел од тимот на „Екстра Ексклузив“ направија своја продукција (Продукција Троика) под која се создаде нов бренд „24 Ексклузив“ на Телевизија 24 Вести.
Во продолжение прочитајте го извадокот од хрониката на 36-тата седница на Советот за радиодифузија.
СКОПЈЕ,19.07.2013 – Советот за радиодифузија (СРД) на денешната седница ја усвои Информацијата во врска со Барањето на ТРД 24 Вести ДООЕЛ Штип со кој побара медијација, логистика и подршка од Советот за радиодифузија за емитување на неговиот телевизиски програмски сервис од страна на операторите на јавни комуникациски мрежи. Советот донесе заклучок да се обрати со допис дооператорите Диги плус Мултимедија и Медиа енд Броудбенд Близусо кој ќе се препорача, доколку непостојат технички, финансиски или други пречки, истите да го реемитувааттелевизискиот програмски сервис ТРД 24 Вести ДООЕЛ – Штип, во интерес назбогатување на програмскиот пакет со домашни телевизиски програмски сервисии заради задоволување на интересите на домашната телевизиска публика. Доколку добие негативен одговор, Советот ќе организира состанок со засегнатите страни за да се надминат пречките зареемитување на споменатиот телевизиски програмски сервис.
| ТВ Пакет