Популарниот актер Вилијам Леви го посети затворот во Веракруз, кадешто сними неколку сцени за серијата „Бура“. Вилијам се запознал со неколку затвореници чии приказни особено го трогнале. Тој имал можност да комуницира со затворениците, кои му ги раскажале своите животни приказни, а тие приказни Леви го потсетиле на својата родна Куба.
„Се потсетив на оние тешки моменти, на периодот кога навистина тешко живеевме“, рече Вилијам.
Приказните од затворот разбудија сеќавања кај актерот. Тој и се заблагодарил на продукцијата за ова животно искуство. „Беше тешко, затоа што слушнав неверојатни приказни од затворениците. Некои од нив велат дека се невини, додека останатите навистина жалат за она што го сториле. Благодарен сум за ова искуство“, истакна актерот.
| ТВ Пакет