По десетгодишна пауза, уругвајската актерка Барбара Мори одлучи да се врати во светот на теленовелите. Барбара наскоро ќе започне со снимањето на теленовелата „Luna“ во соработка со мексиканската телевизија Кадена Трес и продуцентската куќа Мундо Фокс во која ќе ја игра главната улога. Актерката не се појави на малите екрани уште откако заврши со снимањето на теленовелата на Телевиса – „Руби“. Покрај бројните понуди од Телевиса и Телемундо, актерката сепак се определи за филмот. „Luna“ која ќе има 60 епизоди ќе ја замени моменталната теленовела „Fortuna“ што се емитува на програмата на Кадена Трес.
| ТВ Пакет