Енцо успеа да ја стигне локомотивата со последните сили во нозете. Се задржа за оградата на задниот дел од машината и се прекачи.
Кога дојде до купето каде што требаше да е сместена неговата сакана, забележа дека е празно. Но таа била тука. Естер дошла како што и си мислеше. Судејки по нејзината марама на подот, Естер била тука, на истото место, во истото купе. Таа марама ја имаше носено толку многу пати што веднаш препозна дека е нејзина. За да се увери, ја помириса ткаенината и немаше сомнеж. Мирисаше на лаванда, како сапунот кој го користеше за својата коса. Мирисаше на неа. Била тука. Го чекала. Но, нешто ја спречило да го продолжи патувањето.
Возот полека го напушташе Назаре, пресекувајки ги садниците со кафе кои се простоираа во недоглед.
ОДМАЗДА
љубов и смртна казна
Продолжение 100 – „Господарот на злото“
Енцо успеа да ја стигне локомотивата со последните сили во нозете. Се задржа за оградата на задниот дел од машината и се прекачи.
Кога дојде до купето каде што требаше да е сместена неговата сакана, забележа дека е празно. Но таа била тука. Естер дошла како што и си мислеше. Судејки по нејзината марама на подот, Естер била тука, на истото место, во истото купе. Таа марама ја имаше носено толку многу пати што веднаш препозна дека е нејзина. За да се увери, ја помириса ткаенината и немаше сомнеж. Мирисаше на лаванда, како сапунот кој го користеше за својата коса. Мирисаше на неа. Била тука. Го чекала. Но, нешто ја спречило да го продолжи патувањето.
Возот полека го напушташе Назаре, пресекувајки ги садниците со кафе кои се простоираа во недоглед.
Во меѓувреме, двајца пеони на Фаусто ја водеа присилно Естер кон фазендата. Тој ја пречека на тремот. Ја грабна со своите цврсти раце и им вети на момците дека ќе им испалти изутрина за добро завршената задача. Ја внесе во куќата на сила. Ја довлечка до незјината соба и ја фрли на креветот како вреќа со пилевина. Естер гледаше во својот сопруг без капка крв во лицето. Веќе се беше јасно. Повеќе не постоеа тајни помеѓу двајцата.
– Зошто ме врати назад?
– Замолчи!, – со тешката рака и замвна силна шлаканица која за малку не ја онесвести.
– Ми го украде единственото нешто што ми остана, моето достоинство.
– Јас не ти украдов ништо, – се бранеше жената.
Фаусто повеќе се разбеснуваше кога таа зборуваше.
– Си спиела со него додека спиеше со мене.
Се нафрли врз неа, раскинувајки и го белиот фустан.
– Си била негова, исмејувајки ме мене…
– Пушти ме!, – најпосле собра храброст да му се спротистави. – Смачено ми е од тебе и твоето доминантно однесување!
– Курво! Како можеше? Зад мојот грб? Што доби од него што не доби од мене?
Таа задишано трепереше. Се плашеше од секој негов покрет. Ја повлече за коса и ја принесе до огледалото. Во својот одраз Естер виде храброст во себе како никогаш претходно. Беше одлучна да му се спротистави како што не можеше никогаш порано.
– Добив се што не добив од тебе никогаш! Добив разбирање, страст, добрина, човечност…И што е најважно од се го добив она што ти никогаш не можеше да ми го дариш. Ниту на мене ниту на ниту една друга жена. Љубов, Фаусто. Од Енцо добив љубов. Научив како е да се сака и да бидеш подеднакво сакан. Научив како да треперам од копнеж а не од страв.
Неговата брада се тресеше додека таа говореше. Со едната рака ја турна на земјата, а со другата со тупаница удри во стаклото кое се раскрши на стотици мали делчиња.
– Не знаеш како се чуствувам сега!, – додаде тој и посегна по едно парче стакло кое лежеше на подот.
Естер грчевито гледаше во раката на Фаусто кој и приоѓаше до неа со остро стакло во големина на нож во рацете. Посака да побегне, но беше толку близу неа. Го заби стаклото во нејзиниот стомак без тешкотија. И ја раскина утробата безмилосно, додека Естер во нем крик ги рашири зениците од болка.
Енцо изрипа од локомотивата и се врати на перонот каде што сеуште стоеше коњот кој го доведе до тука. Се качи на животното и одјава во правец на фазендата.
Куќата беше мирна како никогаш претходно. Како да немаше жива душа во неа. Само неколку фенери запалени во салонот, трпезаријата и коридорите. Слезе од коњот и потрча кон скалите кои водеа до спалните соби, на сиот глас довикувајки го нејзиното име;
– Естер! Естер!
Ја затекна гречвито завиткана на подот од нејзината соба. Дишеше тешко, држејки се со рацете за стомакот од каде што крвареше. Тој ја заврте нејзината глава кон себе. Очите и беа затворени.
– Естер! Естер, не ме оставај! Погледни ме! Естеееееееер!!!
Но таа лежеше полу мртва. Ќе биде предоцна ако појде во селото по доктор. Таа нема да издржи ќе искрвари до смрт.
Стана со растреперени нозе. Имаше потреба да го најде Фаусто и да му врати еднаш засекогаш за стореното. Претпоставуваше дека ќе го најде во неговата работна просторија, но не беше таму. Посегна по еден револвер од неколкуте кои беа закачени на ѕидот. Провери дали е наполнет. Беше празен, но на масата стоеше кутија со резервни куршуми. Го наполни со три. Беа доволно, помисли и истрча од просторијата.
Капелата од спротива светеше осветлена од стотиците свеќи. Фаусто клечеше пред олтарот со пиштол в рацете. Вратата беше подотворена кога влезе Енцо. Фаусто го насети неговото присуство иако беше завртен со грб.
– Ми го подари татко за никогаш да не заборавам дека фамилијата е секогаш на прво место, – рече покажувајки на сребрениот револвер кој го држеше во рацете.- Секогаш сакав да имам брат и види каде го најдов…Помеѓу гаќите на мојата жена, – додаде со горчина. – Ме предаде, – рече на крајот вртејки го своето бесно лице кон Енцо.
За прв пат во животот, Енцо виде солзи на неговото лице.
– Оди и прости се со неа пред да те убијам!, – процеди низ заби.
Во тој момент, Енцо го извади револверот од појасот. Сакеше да му даде до знаење дека Фаусто не е едонствениот кој е во положба да се заканува во тој момент.
– Пред да те убијам, сакам да знаеш дека не би бил ништо да не беше Кастењон…, – додаде Енцо и од торбата која ја носеше преку рамото го извади дневникот на Рикарда Кастењон. – Овде лежи целата вистина. Ова е дневникот на доња Рикарда Кастењон…Жената која никогаш не можела да има деца. Со години се обидувале да направат дете со дон Ињаки, но не успеале. Тогаш, зборувале со моте родители и ги замолиле да им го дарат детето кое го чекала мојата мајка. Тоа дете си ти, Фаусто! Син на работниците и слуги Роберто и Тили Анџели!
– Лажеш, проклетнику!
– Еве го дневникот, прочитај самиот…
– Не! Моите родители се Ињаки и Рикарда Кастењон, јас не сум син на тие слуги.
– Знаеш што значи ова, Фаусто? Дека јас сум единствениот Кастењон овдека. Затоа што само јас сум син на дон Ињаки!
Раката на Фаусто трепереше како што му трепереше и вилицата. Го посочи револверот во правец на Енцо, но пред да го повлече чкрапалото, Енцо го веќе го стори тоа. Одекна истрел во ѕидините на капелата. Фаусто падна врз олтарот. Со широко отворени очи, последно што виде беше распетието на Христос над себе.
Енцо го фрли оружјето кое тешко падна на каменото толо на старата капела. Потрча кон куќата по Естер. Таа дишеше се потешко. Белиот фустан и беше обоен во крв. Ја зеде во своите раце и ја изнесе од куќата. Ја доведе во градината со рози, оние кои таа толку многу ги сакаше и негуваше со години. Беше мирна вечер со полна месечина.
– Издржи, Естер…Мораш да бидеш силна…
Ја носеше во раце извикувајки помош, но никој не го слушаше неговиот очаен повик. Фазендата повеќе не беше ни сенка од она што некогаш беше, сега беше куќа на духови.
– Издржи, љубов моја…Утре ќе бидеме во Бразилија…Ќе го фатиме утринскиот воз…Ќе бидеме далеку од сите…Никој никогаш нема да не најде. Помош! Помош!
Неговиот крик не допираше до никого. Ја држеше Естер в раце додека солзите лизгаа по неговото лице. Таа немаше сила ни да ги отвори очите. Главата и висеше надолу чуствувајки како се послабо чука нејзиното срце.
– Естер, не ме оставај…Кажи ми нешто. Ти ветувам дека ќе бидеме заедно…
– Заедно, – одвај успеа да изговори таа, со врвот на рацето милувајки ја неговата брада. Ја испушти раката во која повеќе не пуслираше живот. Му умре на раце со блага насмевка на лицето.
– Не ми умирај…Не ми умирај…Естер!
Нејзиното безживотно тело повеќе не ја наоѓаше својата колевка во неговите раце.
Тој чуствуваше како таа ја губи силата од своето тело…
– Не ми умирај, Естер…Сега ќе дојде помош…Помош!!!
Викаше колку што го држеше гласот. Ја држеше силно во своите раце липтајки на сиот глас.
Погледна кон небото и испушти болен крик од своите гради како од отворена рана. Гледаше во саканата чии очи беа засекогаш затворени, додека една последна солза и пролеа по белото лице. Неговите солзи допираа директно од срцето, беа делчиња кои ги губеше од својата душа. Плачеше на сиот глас. За него повеќе нема да се роди нов ден.
Фазендата Темпестад беше прекриена со темнина. Едно зло ја зацрни таа земја засекогаш. Само сенките останаа да живеат на таа пампа.
КРАЈ
Јовица Крстевски | ТВ Пакет