Почетна / Сапуници / Старата Хурем се враќа во „Величествениот“

Старата Хурем се враќа во „Величествениот“

 

Актерката Мерием Узерли и продуцентската куќа на популарната серија „Величествениот“, според насловите на турските медиуми, конечно ги закопаа секирите. Узерли изјави дека веќе и е подобро и оти е подготвена за нови проекти, од продукцијата порачаа дека дури размислуваат повторно да ја ангажираат старата Хурем како и дека се подготвени да заборават на сите лоши зборови што им ги упатила за време на конфликтот.

 

Кога станува збор за новите улоги на Мерием Узерли во другите серии, постои законски проблем. „Во договорот на Мерием стои дека таа е обврзана до март следната година, а за раскинување на истиот треба да плати оштета од еден милион американски долари“, пишуваат истанбулските весници. Без таа сума Узерли нема да може да смета на улоги во други серии. Новата Хурем за оваа серија досега сними една епизода и тоа последната епизода од третата сезона. Со појавувањето на новата Хурем оваа серија предизвика негодување кај големиот број фанови, да се надеваме дека тоа ќе биде единствената епизода што оваа Хурем ја сними за „Величествениот“. 

 

 

| ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Шпанската хумористична серија „Новите соседи“ доаѓа на ТВ 24

Купувањето стан е една од најважните работи во животот, но откако ќе се стави потписот …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!