„Сите наши песни“ и оваа сезона ќе трага по таленти низ Македонија.
Проектот на Македонската радио телевизија за заштита и афирмација на македонската музика ќе продолжи со веќе познатиот концепт за избор на таленти. Шоуто започнува со натпревар на талентирани учесници од два града, а на тој принцип ќе се опфатат сите градови во Македонија. Потоа следува елиминиција и пласман во четврт финале, полуфинале и на крајот – самото финале. Селектирањето и избирањето на најталентираните кандидати ќе го спроведува стручна жири комисија составена од познати музички имиња од македонската естрадна сцена.
– Првата сезона на музичкото шоу „Танц со ѕвездите“ само дополнително го потврди нашиот став дека во Македонија има вистински талентирани музички вокали. Затоа одлучивме повторно да им дадеме шанса и можност за сопствена афирмација на оние кои се истакнуваат по своите музички квалитети и вокални способности. Очекуваме како и првиот, така и овој пат, да се пријават млади и надежни музички имиња кои со наша, но и со помош на публиката, ќе прераснат во вистински естрадни ѕвезди, изјавија од забавната редакција на Македонската радио телевизија.
На аудициите што ќе се одржат на 31. август и 1. септември во студиото на Македонската радио телевизија, ќе се направи селекција на најталентираните пријавени музички вокали. Право на учество имаат сите заинтересирани кандидати кои се постари од 16 години, а апликацијата за учество можат да ја преземат од веб порталот на Македонската радио телевизија www.mrt.com.mk/info/konkursi каде што се наоѓаат сите потребни информации за проектот. Пријавата можат да ја испратат на електорнската пошта [email protected] најдоцна до 25. август 2013 година.
| ТВ Пакет