Сител телевизија штотуку ја извести екипата на ТВ Пакет дека правата за четвртата сезона од мегапопуларната тинејџерска серија “Ангели” се веќе откупени од нив. Во писмото е наведено дека жалат оти тоа го сториле толку доцна, но претходните преговори никако не ги задоволувале потребите и можностите на двете страни. Истакнато е и дека со откупувањето на овој проект Сител телевизија за првпат склучува ексклузивен договор со аргентинската телевизиска продукција “Telefe” која порано соработуваше со А1, така да после “Casi Angeles” многу веројатно е дека ќе ни дојдат и другите аргентински хитови. Очекувајте ја новата сезона, а очекувајте и мало разочарување, бидејќи денес сепак е денот на шегата. ТВ Пакет ви посакува убав и весел ден!
Chris | ТВ Пакет