Во тек е втората аудиција на македонските учесници пријавени за планетарно популарното шоу X Factor. „Ние имаме ИКС ФАКТОР“, извикуваа кандидатите вчера на првата аудиција пред Скопје Сити Мол, а потоа се упатија кон Синеплекс кадешто во голема колона со часови ги чекаа своите пет минути. Еуфоријата продолжува и денеска и ќе трае се до 20 часот. Македонија е земја со најмногу пријавени кандидати па затоа организаторите на ова музичко шоу одлучија аудициите да се одржуваат два дена. Стручниот тим од Србија не ги крие воодушевувањата од квалитетните вокали на кандидатите, велат: „Што појужно тоа подобро“. Меѓу кандидатите вчера и денеска сретнавме многумина од учесниците што претходно ги покажаа своите квалитети во „Македонски Идол“, „Сите наши песни“ и „М2“.
| ТВ Пакет