И денеска продолжува забраната за носење на симболот на старото македонско знаме (Ѕвездата од Кутлеш или од Вергина) во салата Подмежакла во Јесенице, пренесува Република.
Забраната стапила во сила завчера кога на обезбедувањето на првенството од страна на ФИБА им било наложено да спречат влез на сите навивачи кои што на знамињата, шаловите и дресовите ќе го носат овој симбол.
– Сепак откако Словенечкото обезбедување увидело дека премногу голем број навивачи носи маици и дресови со симболот донесле интерна одлука со која забраната важи само за знамиња и спортски реквизити но не и за маици и дресови. Најмалку триесетина Македонски навивачи вчера беа вратени од влезот на салата поради тоа што се обиделе да влезат со знамиња со ѕвездата од Кутлеш (Вергина), пишува Република.
И покрај забраната сепак во салата можеа да се видат неколку знамиња кои што навивачите ги прошверцувале.
| ТВ Пакет