Контроверзниот шоумен Боки 13-ка во последниот период беше актуелен со фотографиите коишто докажуваат дека тој ги стопил килограмите. Денеска, Јовановски официјално го отвори клубот за брзо слабеење, симнување на вишокот килограми и нега на личниот стил на луѓето.
Клубот е наречен „Diet and style club B-13“, а сите заинтересирани можат да се пријават во инбоксот на неговиот Фејсбук профил.
Се прашуваме дали овој проект за слабеење ќе прерасне во реално телевизиско шоу.
| ТВ Пакет