Наскоро на Алфа Телевизија ќе започне нова мексиканска теленовела која во Македонија ќе биде насловена како „Амбис на љубовта“.
СИНОПСИС
Дејството се одвива во мексиканското село Ермита. Елиса (Анхелик Бојер) живее со своите родители Августо (Алехандро Камачо) и Естефанија (Лудвика Палета). Тука е и сестрата на Естефанија, Кармина (Сабина Мусиер), која има афера со Росендо Арано (Цезар Евора).
Естефанија се обидува да го убеди Росендо да ја остави нејзината сестра, но двајцата загинуваат во сообраќајна несреќа. Августо се венча со Кармина, сметајќи дека неговиот брак со Естефанија бил само фарса.
Сопругата на Росендо го испраќа нивниот син Дамјан (Давид Зепеда) на студии, за да го раздвои од Елиса, бидејќи нивното пријателство прераснува во љубов. По студиите, тој се враќа со својата девојка Флоренсија (Алтаир Харабо). Сепак, љубовта на Елиса кон Дамјан продолжува. Кога тајко и дознава за тоа, и се заканува дека ќе го убие, ако не се венча со Гаел (Марк Тачер), момчето кој бил заљубен во неа уште од детството.
Дамјан сака да се врати кај Елиса и доаѓа до судир помеѓу него и Гаел. Затоа, свештеникот им открива дека се полубраќа.
Актери: Анхелик Бојер, Давид Зепеда, Марк Тачер
Земја: Мексико
Eпизоди: 162
Јазик: Шпански
Синопсис: Тинејџери мкд
Мите Иванов | ТВ Пакет