Во петокот се случи нова манифестација во Македонија, најавена како спектакуларна, но не и одржана како таква. ТВ Пакет како единствен интернет портал што ја критикува работата на телевизиите во Македонија, се чувствува должен да ги објави рејтинзите за гледаноста на манифестацијата “Новинарите пеат”.
Според официјалните податоци, ова случување емитувано во прајм-тајм не било гледано ниту од роднините на новинарите кои пееја, затоа што истите мораа да ја наполнат Универзалната сала, за жал не можеа да постигнат на сите страни. “Новинарите пеат” е помалку гледано и од музичките спотови што се емитуваат во 9 часот наутро, односно надвор од прајм-тајмот на Македонската радио-телевизија.
На 30.03.2012-та година, со почеток од 20 часот и 54 минути, програмата именувана како “Новинарите пеат 2012” остварила рејтинг од цели 0.9 % AMR!
Така да рефератите полни со нашминкани импресии напишани од повеќе новинари се ништо повеќе од изгубено време, фактите ги имаме ние!
Извор на податоците за гледаноста е Nielsen
Chris | ТВ Пакет